Најмалку 68 проценти од Јапонците не веруваат дека претстојните Олимписки игри во Токио ќе бидат безбедни како што вети Владата, покажуваат резултатите од анкетата на весникот „Асахи“. Во исто време, 76 проценти од испитаниците ја поддржуваат одлуката за поголем број од натпревари да се одржат без публика, а 17 отсто се изјасниле против.
Анкетата е спроведена на 17 и 18 јули преку мобилни и фиксни телефони, при што се испитани 1.444 возрасни граѓани.
Резултатите од анкетата на агенцијата Кјодо, објавени вчера, покажуваат дека 87 проценти од испитаници стравуваат дека ОИ можат да доведат до поголемо ширење на новите соеви на ковид-19 во Јапонија.