Мнозинството луѓе во САД сметаат дека Вашингтон не успеа да ја постигне својата цел во Авганистан. Ова го покажува социолошката студија на Институтот Пју, јави агенцијата ДПА.
Има мала разлика меѓу ставовите на демократите (69 проценти) и републиканците (70 проценти), кои веруваат дека американската мисија е неуспешна.
Затоа, пак, постојат јасни разлики во проценката за целосно повлекување на американските војници од Авганистан. Таквата одлука на претседателот Џо Бајден има поддршка од 70 отсто кај демократите и 34 отсто меѓу републиканците.
Вкупно 54 проценти од возрасните во САД веруваат дека одлуката за повлекување на војниците е правилна, а според 42 проценти е погрешна. Анкетирани биле 10.348 возрасни лица во периодот 23-29 август.