Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зимско или летно сметање на времето: Најголем дел од Европјаните се против промените

0
By Нова ТВ on March 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 3, 2019 16:22

Комисијата за европски прашања во францускиот Парламент вечерва ќе заврши со интернет анкетата дали да се стави крај на летното и зимското сметање на времето и на кое сметање треба да се остане.

„Потребно ли е да ставиме крај на промената на времето (летно или зимско)“, гласи прашањето на анкетата што ќе биде затворена вечерва.

Според резултатите од советувањето, 84 отсто од испитаниците гласаа да се стави крај на промената на времето додека мнозинството е за останување зимското сметање на времето.

Слични се резултатите од испитувањата на јавното мислење и во другите земји членки на Европската Унија (ЕУ). На европско ниво, 84 проценти се изјаснија против менување на времето во летно или во зимско како што беше до 1976 година, 56 отсто сакаат да остане летното сметање, додека 36 проценти се „ЗА“ зимско сметање на времето.

Промената на времето е воведена во 1976 година и отсекогаш наидуваше на критики. Во септември 2018 година, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, по консултација со неколку милиони европски граѓани, предложи во Европската унија да се прекине со промената на времето во зимско и летно сметање.

Последната промена на времето треба да биде на 1 април 2019 година. Но, европските министри за транспорт, на состанокот на 3 декември во 2018 година, ја разгледуваа можноста за напуштање на овој систем и термин да биде одреден дури во 2021 година. На крајот од координативното дејство, секоја земја-членка ќе мора да избере дали да остане на летно или зимско сметање на времето.

анкета време Зимско Летно Сметање Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.