Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска бара Иванов да се исели од канцелариите во Џевахир-трошоците се луксуз

0
By Соња Петрушевска on September 17, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 17, 2019 13:08

Aнтикорупциската комисиjа бара од Службите за општи и заеднички работи да го раскинат Договорот со поранешниот претседател Ѓорге Иванов за закуп на канцелариски простории за кои месечно само за кририја се исплаќаат 1.950 евра.

Претседателката на Антикорупциската Билјана Ивановска рече дека од документите кои ги добиле, утврдиле дека Договорот „бил склучен во нетранспарентна постапка“ со лица блиски до корисникот и му овозможуваат на сопственикот да се стекне имотна корист.

По завршувањето на мандатот, Иванов закупи канцелариски канцеларии во зградата на Џеваир  од 274 метри квадратни. Освен месечната кирија од 1.950 евра, за поранешниот претседател  се исплаќаат и плати за тројца вработени, се подмируваат комуналните сметки, му следува службено возило и возач чие комплетно одржување се плаќа од Буџетот, а претседателот има пензија во висина од месечната плата. Сите овие привилегии важат доживотно.

Од државниот буџет се исплаќаат и повеќе од 2000 евра за трошоците за поранешниот претседател Бранко Црвенковски и вкупните трошоци само за кирии за двајцата поранешни претседатели достигнуваат до 4.500 евра.

Антикорупциска сугерира, на поранешните претседатели да им се доделат канцелариски простории кои се во државна сопственост и за кои нема да се плаќа кирија.

Ивановска исто така додаде дека споредбата што ја направиле со другите земји во соседството покажала дека во ниту една земја нема доживотни привилегии за поранешните претседатели. Досега во изминативе 10 години, од Буџетот биле издвоени повеќе еден милион евра за сите привилегии на претходните претседатели.

-Ние не сме виделе какви резултати имаат поранешните претседатели и затоа ваквите трошоци ги сметаме за непродуктивни, рече Ивановска. Таа додаде и дека со пензијата која ја добиваат поранешните претседатели до крајот на својот живот и за кои не важат условите за пензионирање се нарушува начелото на еднаквост.

Тие ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд да ги преиспитаат одредбите од Законот кои им дава привилегии на поранешните претседатели, а до Собранието ќе поднесат иницијатва да се преиспита времетраењето на правата и привилегиите.

-За сиромашна држава како што е нашата, привилегиите на поранешните претседатели се луксуз кој треба да се преиспита, рече Ивановска.

Антикорупциска Иванов простории Џеваир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.