Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антонио Гутереш е новиот шеф на Обединетите нации

0
By Нова ТВ on October 6, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 6, 2016 10:50

Со одлука која беше донесена изненадувачки брзо, Советот на безбедност при Обединетите нации го избра поранешниот португалски премиер, Антонио Гутереш, за нов генерален секретар на ООН.

Во ретко видено единствено, 15-те амбасадори од Советот на безбедност соопштија дека по Бан Ки Мун со организацијата ќе раководи Гутереш кој мина и една декада како висок комесар за бегалци при ООН. Денеска, четврток, нивниот избор ќе биде и формализиран.

Веста вчеравечер ја соопшти рускиот амбасадор во ООН, Виталил Чуркин.

„Денеска, по серија гласања, имаме очигледен фаворит и неговото име е Антонио Гутереш“, рече рускиот амбасадор во ООН пред насобраните репортери во седиштето на организацијата во Њујорк.

Одлуката беше изненадувачка бидејќи многумина очекуваа процесот на селекција да трае дури до крајот на октомври поради големите сили кои се бореа да го промовираат нивниот фаворит. Некои дури мислеа дека Русија ќе го блокира Гутереш, а Москва и претходно рече дека би сакала да види личност од Источна Европа на највисоката функција во ООН.

„Мислам дека на крајот Русите сакаа одлуката да биде донесена за време на нивното претседателство и да можат да го убедат целиотСовет на безбедност да застане заедно и да демонстрира единство во време на толку длабоки поделби по толку многу прашања“, за британскиот „Гардијан“ коментира висок дипломатски извор од ООН.

Хуманитарец од акција

Додека траеше кампањата за нов шеф на ООН, Гутереш изјави дека новиот шеф треба да биде „олеснувач, чесен посредник и градител на мостови“ и апелираше на „зајакната дипломатија за мир“, односно за спречување на конфликтите и кризите со цел светот да не мора да се справува со последиците од нив.

За време на неговиот мандат во Високиот комесаријат за бегалци со седиште во Женева, Гутереш беше критичен кон односот на големите сили кон актуелната бегалска криза и изјави дека работата во таа организација не била„извонредна привилегија, туку страшно разочарување бидејќи недостига хуманитарно решение на нивните маки“. Тој успеа да ги зголеми активностите во оваа организација за три пати, а персоналот во Женева го намали за околу 20 проценти со цел да ги пренамени средствата во хуманитарни цели.

Антониот Гутереш има 67 години и тој ќе биде 9-тиот генерален секратар во историјата на организацијата. Роден е на 30 април, 1947 година во Лисабон, Португалија и по убедување е социјалист. Тој е побожен католик, а зборува и три јазици покрај мајчиниот португалски: англиски, француски и шпански. Има две деца, Маријана и Педро, а неговата сопруга починала од рак во 1998 година.

Антонио Гутереш ООН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.