Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апел до институциите: Да се обезбедат инсулински пумпи за сите лица со дијабет тип 1

0
By Marija Todorovska on May 5, 2025 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 5, 2025 11:06

Сојузот на здруженија со лица со дијабетес (СЗДСМ) бара од Владата, Министерството за здравство и Националната комисија за дијабетес пред престојната јавна набавка на инсулински пумпи да се осигураат минимум критерумите за квалитет и со тоа секое лице со дијабет тип 1 да има пристап до новите технологии кои превенираат нарушување на здравјето.

Македонија се соочува со предизвици во грижата за дијабетесот, особено со загризувачки најмал пристап со само околу 300 пациенти со инсулински пумпи т.е. современо помагало за менаџирање на Дијабетесот кај лицата со Тип 1. Инсулинските пумпи се критично важни за управување со дијабетесот. Во моментов се обезбедуваат незначителен број на Инсулински пумпи за лица со тип 1 дијабетес. Ова остава илјадници пациенти со тип 1 дијабетес и да не можат да имаат корист од благодетите на овие нови технологии, велат од Здружението.

Оттаму додаваат дека инсулинсите пумпи кои треба да се набават во 2025 година, треба да бидат современи Напредни хибридни затворени системи (инсулинска пумпа поврзана со систем за континуирани мерење на гликемија) кои преку определен (автоматизиран) алгоритам испорачуваат инсулин и овозможуваат постигнување на целни нивоа на гликемија индивидуално поставени за секој пациент поединечно.

Овие системи уште се нарекуваат и системи за автоматска испорака на инсулин (AID) или вештачки панкреас и според Американската Дијабетолошка асоцијата, AID системите се прв избор на терапија на лица со тип 1 дијабетес.

Секое дете со тип 1 дијабетес треба да има пристап до технологиите и материјалите за мониторирање на гликемија и останатите уреди за да може да се оптимизира менаџирањето на дијабетесот. Истите мора да ги исполнуваат минимални стандарди за да обезбедат точност, доверливост и безбедност. Овие критериуми се поставени од регулаторни тела како што се EMA (Европска агенција за лекови), FDA (Американска агенција за храна и лекови) како и од ISO (Меѓународната организација за стандардизација). Тврдењата за ефикасноста на овие уреди треба да бидат  поткрепени со рандомизирани, контролирани клинички студии, со кои ќе докаже дека системот ги задоволува интернационалните препораки за гликемиска контрола; во предвид треба да се земат и податоците од реалните светски регистри/евиденции (real world evidence) публикувани во респектирани меѓународни списанија, велат од Здружението.

Според клиничките испитувања, овие системи овозможуваат контрола на гликемијата во согласност со најновите препораки во терапија на Т1 дијабетес.

Со обезбедување на AID системи, може да се спречи потребата за поскапи третмани, намалувајќи го долгорочниот товар на националниот буџет за здравствена заштита. Користењето на инсулинска пумпа на секое лице со дијабетес Тип1 создава вредност во општеството, бидејќи повеќе лица со ДМ Т1 ќе ги вршат сите свои нормални функции од учење, студирање, спорт, работни обрски и ќе бидат целосни активни чинители кои придонесуваат кон буџетот на државата и стабилноста во растот на GDP, наместо да биде лице со инвалидитет или болно лице, развивајќи ги компликациите од дијабетeс, се вели во соопштението од Здружението.

Согласно објавени клинички студии, овие системи, доведуваат до намален број на хипогликемии и дијабетична кетоацидоза, што води кон директна долгорочна заштеда на здравствениот систем. Со поставување на пациентите со Тип1 дијабетес на овие напредни системи, тие истовремено се стануваат и корисници на сензор. 

дијабет инсулин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.