Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апел за помош: Животна битка со ракот од 70.000 евра за Ване Михајловски

0
By Нова ТВ on February 5, 2020 ВЕСТИ
Фото: facebook
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 5, 2020 09:02

Четврти февруари е светски ден за борба против ракот. Во Македонија, како што денеска објави здружението „Борка“, годишно се откриваат над 7.000 нови случаи на рак. Над една третина или кај 2.700 е дијагностициран на бели дробови и на дојки, но статистиката како се почесто напаѓан орган го забележува и дебелото црево.

Таков е случајот и со Ване Михајловски кој веќе три години се бори со лошата болест, меѓутоа не се предава. Овој месец ќе биде подложен на четврта операција во Хамбург, Германија, за која, како што објави во емотивниот пост на Фејсбук, се надева оти ќе биде успешна и последна. Телесно е исцрпен, но и финансиски, бара морална поддршка за пребродување на уште едно легнување под нож и апелира помош за донирање на средства.

Фото: facebook
POSTBANK Hamburg post fach 22 83 Hamburg
IBAN DE32 1001 0010 0160 5041 30
BIC PBNKDEFF
63071 Offenbach am Main
Spessartting 2
Mihajlovski Vane

„До ноември во 2017 година имав нормален живот, до кобниот 17 ден во месецот во кој добив мозочен удар. Петнаесет дена подоцна се јавија обилни крварења, а 23-от ден од мозочниот удар ми открија рак на дебелото црево во четврти стадиум“, споделува Михајловски на Фејсбук.

Првиот зафат го направил доктор Арсенков во Градската општа болница во Скопје. Михајловски го пребродил првичниот шок, минал низ сите искушенија во операционите сали и болничкиот кревет, го задржал духот и излегол со уште поголема желба за борба, за живот, полн со оптимизам, решителност и позитивна енергија.

Пред себе си поставил цел – со велосипед да вози од Велес до Брисел за лична мотивација, но и како поддршка за останатите со кои ја дели истата судбина. И успеал да ја совлада рутата за 15 дена, но следувало ново соочување со болеста за која четвртото испитување покажало метастази на белите дробови и црниот дроб.

Фото: facebook

„Добив упат за лекување во Турција каде ми дијагностицираа повеќе метастази, но не ме оперираа таму туку ми вградија порт за полесно примање на хемотерапијата. Од 68 часовната агресивна хемотерапија во Македонија немаше резултати, добив и тромбоза, па решив да заминам во Германија“, наведува Михајловски.

Негова тамошна крајна дестинација била клиниката „Сана“ во Офенбах каде му биле направени снимки, а од доктор Драган Киселички од „Нордвест Клиник“ добил препорака за тридневна хемотерапија во четири наврати со пауза од две недели меѓу секој циклус.

„По завршените хемотерапии, на 18 декември ми беше направена компјутерска томографија која покажа дека три од петте метастази се закожурени, т.е. изгорени, па остануваат уште на белите дробови и на црниот дроб. Првата беше на 20 јануари, а втората треба да се случи овие денови“, стои на крајот на излагањето на Михајловски.

Фото: facebook

Хируршките зафати, болничкото лекување, режимот на исхрана што го наложува болеста и терапиите во изминатите месеци „изедоа“ 60.000 евра. За покривање на претходната интервенција во јануари и на претстојната во февруари, како и за други зафати, се потребни дополнителни 70.000 евра. Затоа и апелот за донација до сите кои може финансиски да придонесат во неговата животна борба да го сторат тоа на

POSTBANK Hamburg post fach 22 83 Hamburg
IBAN DE32 1001 0010 0160 5041 30
BIC PBNKDEFF
63071 Offenbach am Main
Spessartting 2
Mihajlovski Vane
апел Ване Михајловски донации операција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.