Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелација на јавна седница за притворот на Јанакиески и Божиновски

0
By Нова ТВ on November 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утре на посебни јавни седници во Апeлацискиот суд, одбраната на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски ќе образложaт ѓалбите со кои бараат укинување на притворот. Тие беа притворени на 14 ноември, на барање на Специјалното јавно обвинителство, кое се сомнева дека планирале бегство. СЈО се повикува на службена белешка од УБК според која Јанакиески преку посредник барал амнестија до претседателот Иванов. .

Одбраната смета дека тие се ставени во  притвор без да се овозможи да се произнесат пред судот и тврди дека не се запознаени со докaзот. Од одбраната тврдат дека не постоел никаков посредник, ниту се барало амнестија од Иванов, како што е наведно во белешката.

Од Кабинетот на Иванов пак, негираат дека имало посредник и тврдат дека Претседателот Иванов имал средба со Миле Јанакиески, дента кога Груевски објави на Фејсбук дека е во Будимпешта, потврдија од Кабинетот на шефот на државата, но наведуваат дека на средбата не се разговарало за амнестија.

Од ВМРО -ДПМНЕ обвинуваат дека притворот е базиран на фингирана службена белешка, класифицирана како строго доверлива. Ден пред седниците на Апелација, бараат судиите да им дозволат на Јанакиески и Божиновски да се бранат од слобода.

-Како што ВМРО-ДПМНЕ и претходно изјави, раководството на ВМРО ДПМНЕ со господинот Мијалков подолго време нема комуникација и не ги знаеме деталите за неговото приведување. Меѓутоа, од она како што јавноста може да оцени, секој политички монтиран процес не смее да биде оправдан од јавноста и не смеат да се користат институциите за политички цели, изјави портпаролот на партијата Димче Аровски.

Од СДСМ пак сметаат дека ВМРО ДПМНЕ се обидува да влијае врз судството.

-ВМРО-ДПМНЕ како и порано и сега продолжува брутално да се меша или да има обид да се вмешува во правосудството. Нашиот став е конзистентен и е многу јасен и прецизен дека, настрана од политиката ние немаме право да се мешаме во одлуките на правосудните органи, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Откако екс премиерот Груевски избега, по Јанакиески и Божиновски беше приведен и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој е трет негов близок човек кој заврши во притвор. Следнава недела се очекува Апелација да закаже седница и за приведувањето на Мијалков, за неговата жалба за притворот.

 

Апелација Божиновски Јанакиески притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.