Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелација одби да ја тргне Поп Стефанија од одлучување за Јанкулоска

0
By Нова ТВ on July 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Апелациониот суд одлучи судијката Александра Поп Стефанија и натаму да остане во случајот „Тврдина“ и го отфрли барањето на Специјалното обвинителство кое бараше нејзино изземање од овој предмет. Жалбата на СЈО апелационите судии ја одбиле како неоснована.

Специјалното обвинителство на 23 јуни поднесе барање за изземање на Поп Стефанија како судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1, која постапуваше по предлог на ова обвинителство за мерките за обезбедување присуство на осомничените во случајот „Тврдина“. СЈО прво поднесе жалба до Кривичниот суд, но откако беше одбиена, се жалеше и до повисокиот суд, но и Апелација ја одби жалбата.

Специјалното јавно обвинителство побара изземање на судијката Александра Поп Стефанија во случајот на уништување на опремата за прислушување, во кој  осомничена е поранешната министерка Гордана Јанкулоска, која сега е вработена во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Со оглед на фактот што сопругот на Поп Стефанија е вработен во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, СЈО побара судијката да не го води овој случај.

СДСМ поднесе кривична пријава против истата судијка за несовесно и нестручно работење, а таква пријава доби и претседателот на судот Владимир Панчевски. Тие тврдат дека тој ја вработил Поп Стефанија спротивно на законите. Судскиот совет ја распределил во судот за прекршоци во Скопје, а Панчевски без одлука на Советот ја вработил во Кривичниот суд.

Сопруг на Поп Стефанија е Сашо Јанев, 34 годишен, член на Комисијата за лустрација и поранешен секретар на Општина Неготино и на ВМРО ДПМНЕ од Неготино. Во Комисијата за лустрација бил избран во последниот состав од 2014 година.

Судијката поп Стефанија има релации и со пратеникот Павле Саздов од ВМРО ДПМНЕ, кој и е зет за братучетка.

 

Апелација Кривичен суд Поп Стефанија СЈО судија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.