Апелацискиот суд во Скопје на две јавни седници ќе расправа дали е оправдан продолжениот притвор за двајца осмничени од крвавиот четврток кои се во притвор во Шуто Оризари – Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање и Душко Лазаров, началник во МВР за специјални операции, кој ноќта на 27 април во оперативниот штаб на МВР ја имал т.н. „бронзена команда“.
Апелациониот суд вчера одржа 3 јавни седници за притворите на осомничените Владо Јовановски, Горан Ѓошевски и Оливер Поповски.
Само за Јовановски Вишото јавно обвиителство побара укинување на притворот и поблаги мерки за обезбедување присуство. Одлуките треба да бидат објавени деновиве.
До вчера пристинале 18 жалби за притворите на осомничените. Дел од нив, меѓу кои и Игор Дурловски побарале седниците на второстепениот суд да не бидат јавни.