Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството побара домашен притвор за актерот Владо Јовановски

4
By Нова ТВ on January 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 10, 2018 16:03

Обвинителот од Вишото јавно обвинителство Јован Цветановски до Советот кој во Апелациски суд во Скопје денеска ја разгледуваше жалбата за притворот за актерот Владо Јовановски поради насилствата во Собранието на 27 април минатата година, побара актерот да биде пуштен од притвор и да му се изрече поблага мерка – обезбедување присуство. Според Цветановски, Советот на Основен суд Скопје 1 при продолжувањето на притворот погрешно ја утврдил фактичката состојба.

Адвокатите на Јовановски, Ставре Џиков и Дончо Наков, исто така побараа да му се укине притворот на Јовановски. Наков порача и дека е крајно време да се утврдат критериумите за одредување на мерка притвор од првостепените судови и да не се се изготвуваат идентични решенија во секој случај.

За разлика од случајот на Јовановски, на другите две седници на кои скопска Апелација денеска ги разгледуваше жалбите за притворите на Оливер Поповски од Шестата управа и на  Горан Ѓошевски, шеф на обезбедувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, претставниците на Вишото јавно обвинителство побараа трочлениот совет да ги потврди мерките за продолжување на притворот.

Според обвинителот, наводите во жалбата на Поповски, кој не присуствуваше на седницата, а беше застапуван од Ставре Џиков, се неосновани. Според Џиков, пак, тричлениот совет на Апелацискиот суд на Поповски наместо притвор треба да му одреди куќен притвор или друга поблаги алтернативни мерки.

И за Горан Ѓошевски Вишото јавно обвинителство побара да му биде продолжен притворот и оцени дека Советот на Кривичниот суд правилно ги согледал доказите кога ја одредил мерката притвор.

27.април Апелација Владо Јовановски домашен притвор обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.