Апелацискиот суд денеска треба да соопшти дали „бомбите“ ќе бидат доказ за случајот „Титаник“. На вчерашната јавна седница се расправаше дали прислушуваните разговори ќе бидат докази во судската постапка за овој предмет на Специјалното јавно обвинителство.
СЈО поднесе жалба откако Кривичниот суд на 20 октомври ги отфрли „бомбите“ како доказ за „Титаник“. Во овој случај за изборни измани обвинети се Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер.
За одбраната, ако Апелацискиот суд ја прифати жалбата на СЈО, ќе направи срамно зло до степен на срам, непочитување на кривичниот законик и на законот за следење на комуникации.
На вчерашната јавна седница присуствуваа и Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска кои рекоа дека се жртви на прислушувањето и побараа бомбите да не бидат доказ, зашто ќе се создаде правна несигурност.