Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелација за Тенк: Груевски и одбраната поднеле 5 жалби на пресудата

0
By Нова ТВ on September 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Апелација го одби барањето на одбраната на Никола Груевски за изземање на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева како неосновано, по што продолжи јавната седница во второстепениот суд.

Судијката-известител Тања Милева рече дека за овој предмет на СЈО познат под кодното име „Тенк“, биле поднесени вкупно 6 жалби, од кои 4 на адвокатите на Груевски, една лично од него, и уште една од Ѓоко Поповски.

Ѓоко Поповски

Во жалбените наоди на адвокатите е наведено дека судот направил серија суштествени повреди на Законот за кривична постапка, и дека погрешно ја утврдил фактичката состојба.

Во жалбата пишува дека судот против-законски ги одбил барањата на адвокатите за изземање на судиите и поротниците и дека СЈО пред судот не ја докажало надлежноста. Освен тоа, наведено е дека дел од доказите биле доставени во копија, а Груевски и неговите адвокати воопшто не ги добил бомбите како докази. Записниците од седниците за судењата не кореспондирале со видео-записите од судскиот процес. Обвинетиот се жали за вештачењата на СЈО, кои, како што пишува во жалбата, вештачеле со истечени лиценци. Адвокатите се жалат дека не бил доставен записник за примопредвање на бомбите.

Во жалбата се додава дека во февруари годинава настапила апсолутна застареност на кривичното дело, поради телефонскиот разговор кој Груевски го направил на 26 февруари 2012 година. Во образложението на жалбите е наведено дека пресудата е нејасна и противречна.

Поради ова се бара укинување на првостепената пресуда и судот да донесе ослободителна пресуда.

На седницата не присуствуваат Груевски, како и неговите бранители Димитар Дангов, Сања Алексиќ, Данчо Анаков и Боро Тасевски, кои го известиле Судот дека се спречени да дојдат бидејќи се ангажирани на други предмети во Кривичниот суд. Ѓоко Поповски и неговите адвокати дојдоа во Апелацискиот суд.

Пред судот има полициско обезбедување, а има и граѓани кои протестираат.

Груевски вчера на прес конференција рече дека ниту тој ниту неговите адвокати нема да дојдат на денешната јавна седница на Апелација и обвини дека судовите носат одлуки под политички притисок и дека судот веќе решил да му одреди казна затвор.

За случајот „Тенк“, односно за набавката на лускузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор. 

Во Кривичниот суд во Скопје за „Тенк“ се води и раздвоена постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Апелација жалби СЈО тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.