На јавна седница во Апелација денеска ќе се разгледува жалбата на напаѓачот на тогашната пратеничка, сегашна министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска што се случи во нередите во Собранието на 27 април.

Панче Ангелов беше осуден за насилство на четири години затвор по признание на вина.

Неговата одбрана се жали на квалификацијата на делото и на висината на казната и своите аргументи во жалбата ќе ги изнесе денеска на седницата.