Апелацискиот суд во Штип ја зголемил казната затвор од 15 на 30 месеци на И.Ч. (18) од Струмица кој ја прегази Верица Белчовска (20) од беровско Русиново.

Во јули оваа година, Основниот суд во Струмица на И.Ч. му изрече казна од 15 месеци за сообраќајната несреќа што се случи на 7 април годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица, која минувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Пресудата на Апелацискиот суд ја соопшти адвокатката на семејството Белчовски преку писмена изјава за медиумите. По смртта на Верица, семејството ги донираше нејзините органи кои спасија три човечки животи.