Французинот Алексис Пинтуро триумфира во велеслаломот во австриски Зелден, прва станица во Светскиот куп во алпско скијање за оваа сезона. Тој беше најбрз во двете трки и со вкупно време 2:14,01 минути ја осигура победата.

Второто место го освои Австриецот Марсел Хиршер, бранител на титулата во оваа дисциплина, со резултат 2:14,71 минути, бронзениот медал го освои Германецот Феликс Нојројтер (2:15,38 минути). Светскиот и олимписки првак, Тед Лигети од САД, го заврши настапот на петтата позиција зад Словенецот Жан Крањец.

Меѓу првите десет се сместија и Томас Фанар, Џастин Мурсие, Хенрик Кристоферсен, Матје Фавре и Лука де Алипрандини.

Скијачите по Зелден се селат во Леви, Финска, каде на 13 ноември е закажана слаломска трка.