Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи денеска по средба со евроамбасадорот Самуел
Жбогар, одговарајќи на новинарско прашање рече дека повиците за поделба и за нетрпеливост не треба да бидат дел од агендите на политичките партии.
Арифи рече дека иднината на сите граѓани, без разлика на вера и на нација, е ЕУ и заради тоа е важно да се најде решение за сите прашања, а повикувањето на нетолеранција не е добро за иднината на земјата.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар побара политичарите да кажат дали во Македонија ќе се одржат локални избори и кога тие ќе бидат распишани.