За бегството на Груби во Косово се води активна истрага, а денеска по вторпат на распит во полициската станица Карпош беше повикан почесниот конзул на Косово во Македонија, Арсим Папранику.
Тој е осомничен дека со своето возило со дипломатски таблички го превезол Груби до Косово, непосредно пред почетокот на полициската акција. Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесен е предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност кај двајца полицајци на Граничниот премин Блаце за кршење на работната дисциплина.
За Груби и Бајрами полицијата распиша меѓународни потерници поради обвиненијата за злоупотреби во Државна Лотарија од над осум милиони евра, како што опшиша МВР во кривична пријава што обвинителството ја прифати.
.