Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атлетика: Болт ја истрча последната стотка на Јамајка

1
By Нова ТВ on June 11, 2017 СПОРТ
Фото: eurosport.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 11, 2017 17:59

Јусеин Болт се прости од настапите во својата родна Јамајка. На специјалниот настан под назив „Поздрав за легендата“, најбрзиот човек на планетата ја истрча последната трка на 100 метри на националниот стадион во Кингстон пред повеќе од 30.000 гледачи. Беше дочекан и поздравен како државник, а во обраќањето до присутните на трибините и крај ТВ екраните, не можеше да го сокрие емоциите.

„Никогаш во кариерата не сум бил понервозен пред една трка. За некого можеби е само една трка, за мене ова беше посебна. Уште од јуниорските денови имав неверојатна поддршка од својата држава. Без родителите, пријателите и Ен Џеј, мојот најдобр другар, немаше ништо да постигнам“, рече Болт кој најави дека ќе се повлече од атлетиката по Светското првенство во август оваа година.

Легендарниот спринтер е на залез на кариерата. Како цел што ја постави пред себе е само атлетскиот мундијал во Лондон. Ќе замине во пензија како сопственик на бројни медали, трофеи, рекорди и резултати што тешко дека ќе бидат достигнати во скора иднина. На последните три Олимпијади во Пекинг во 2008 година, во Лондон во 2012 година и од Рио де Жанеиро во 2016 година беше неприкосновен во трките на 100 метри, на 200 метри и во штафетната 4х100 метри.

„Голема благодарност до Јамајка, вакво нешто не очекував. Навистина е прекрасно чувството што толку луѓе дојдоа да ме видат и поздрават. Тоа доволно говори дека го ценат она што сум го правел и ми претставува чест што е така“, додаде спортскиот херој на Јамајка кој, патем, победи во прошталниот настап пред своите сонародници со време 10,03 секунди.

100 метри атлетика Јамајка Јусеин Болт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.