Кениецот Дејвид Рудиша го пропушта претстојното Светско првенство во атлетика што од 3 до 14 август ќе се одржи во Лондон. Причина за повлекувањето на актуелниот шампион на 800 метри е повреда, наведуваат британските медиуми.
„Да се отсуствува од Светско првенство е тажно и разочарвачки“, напиша Рудиша на својот Твитер профил.
Неколку дена пред носење на конечната одлука и самиот порача дека е возбуден што ќе се врати на местото каде во 2012 година за време на Олимписките игри постави рекорд на 800 метри (1:40,91 минути) што е сè уште актуелен. Но, оваа сезона е далеку од форма за таков дострел и има дури 19 време во дисциплината.