Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АТП Мастерс: Чилиќ се одјави од Лондон со триумф над Нишикори

0
By Нова ТВ on November 19, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Марин Чилиќ го совлада Кеи Нишикори со 2:1 (по сетови: 3:6, 6:2, 6:3) во последниот меч од групната фаза на тенискиот Мастерс во Лондон. Победата на Хрватот е пирова бидејќи и пред мечот загуби секакви шанси за полуфинале по поразите од Вавринка и од Мареј. Но, се задржа на теренот повеќе одошто мислеше јапонскиот тенисер кој, пак, беше сигурен дека продолжува по поразот на Вавринка од Мареј.

Нишикори делуваше дека набрзина и лесно ќе заврши во групата по воведниот сет што го реши во своја корист со 6:3. Меѓутоа намерата да заштеди сили и да добие макар еден час повеќе за одмор и подготовка за полуфинале паднаа во вода. Чилиќ покажа решителност да не замине од Лондон без победа во што и успеа, а тоа ќе значи дека ја завршува годината како шести на АТП ранг листата. Двапати освојуваше гем на сервис на Јапонецот во вториот сет за конечни 6:2 и израмнување на 1:1. Идентично беше и во решавачкиот трет сет.

Мареј не дозволи изненадување во дербито против Вавринка и со 6:4, 6:2 го порази швајцарскиот тенисер и со максимален ефект во групата А продолжува во полуфинале.

Денешниот ден е резервиран за полуфиналните пресметки во „О2 арена“. Програмата ја отвораат Мареј и Раониќ во 15 часот, Ѓоковиќ и Нишикори ќе излезат на мегдан во 21 часот.

АТП Мастерс Кеи Нишикори Лондон Марин Чилиќ тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.