Роџер Федерер во осминафиналниот меч со Гаел Монфис на Мастерсот во Мадрид стигна до бројка од 1.200 победи во професионалната кариера. На Швајцарецот му требаа два часа за кршење на отпорот на Французинот и конечни 6:0, 4:6, 7:6 за пласман во четврт-финалето каде го очекува дуел со Австриецот Доминик Тим.
Моментно третиот светски рекет беше на раб на пораз. Мораше да спасува две меч топки, да заигра и похрабро, на се или ништо, да излегува на мрежа, а притоа го служеше и сервисот и на крајот се избори за опстанок во Мадрид.
Пред Федерер по бројот на победи е само Американецот Џими Конорс со 1.274 во професионалната кариера. Против Монфис го одигра 1.462 меч по кои има импресивен биланс од 1.200 победи и 262 пораза или 82 отсто успешност.