Новак Ѓоковиќ ја слави осмата победа против Роџер Федерер во последните 11 соочувања од вкупно 47. Конечни 7:6, 5:7, 7:6 за српскиот тенисер за финале со Карен Хачанов на Мастерсот во Париз.
Русинот, пак, го обезбеди првото Мастерс финале во кариерата по триумфот над Австриецот Доминик Тим со 6:4, 6:1.
Мечот за титулата во Париз е утре попладне од 15 часот.