Доминик Тим е победник на АТП турнирот во Рио де Жанеиро од серијата 500 што се играше за награден фонд од 1.603,940 милиони долари. До осмата победа во кариерата, шеста на земјена подлога, Австриецот стигна по триумфот во финалето против Пабло Карено Буста со 7:5, 6:4 за што му беа потребни час и 34 минути.
Шпанецот го доживеа четвртиот пораз во меѓусебните дуели со Тим, а како утеха му остана освоениот трофеј во конкуренција на двојки на настанот во Бразил. Заедно со сонародникот Павло Куевас ја совладаа колумбиската комбинација Хуан Себастијан Кабал/Роберт Фарах со 6:4, 5:7, 10:8.
Тим ќе нема многу време за одмор и уживање во успехот во Рио. Пред него е турнирот во Акапулко, Мексико, на кој ќе учествува како бранител на титулата.
Раониќ го предаде финалето на Флорида
Џек Сок без борба ја освои титулата на АТП турнирот во Делреј Бич (серија 250) вреден 599.345 долари. Милош Раониќ, кој требаше да биде ривал во финалето, се откажа од настап поради повреда, па Американецот го подигна третиот трофеј во кариерата.
АТП Рио де Жанеиро – Серија 500 – награден фонд 1.603,940 милиони долари
Финале: Тим (2., Австрија) – Карено Буста (4., Шпанија) 7:5, 6:4