Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ацевски член на ИО на СДСМ: Инвестициите во енергетиката спречија драстичен раст на цената на струјата, следува помош за најпогодените

0
By Mirjana on January 3, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во услови на глобална енергетска криза Владата, институциите предводени од СДСМ преземаат мерки за справување со истата како и за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството. Ширум светот расте цената на електричната енергија и природниот гас, како за домаќинствата така и за стопанството.

Најизразено е поскапувањето на цената на струјата во Турција која за домаќинствата е поскапена за 50 отсто, додека за компаниите и до 125 отсто.
Во Италија цената на струјата за домаќинствата е поскапена за 55 отсто, додека цената на природниот гас се зголемува за 41 отсто.

Со навремена интервенција Владата предводена од СДСМ кај нас успеа да спречи енормен раст на цената на електричната енергија и поскапува за 9,48 отсто.Тоа се должи на навремено актвирање на сите расположливи капацитети за производство на струја од домашни извори. 

Обезбедени се доволни количества на јаглен за работа на ТЕЦ Осломеј, како и за РЕК Битола за работа со двата блока. Во план е месецов да се пушти во употреба и третиот блок во РЕК Битола, како и вториот блок во ТЕЦ Неготино. Со тоа, сите количини на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбеденни од домашно производство, без да има каков било увоз на струја во месец јануари.

Владата предводена од СДСМ потпиша договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката. Меѓу нив е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД која ќе изгради 69 ветерници, но и соларниот парк Стипион во Штип. 

Само овие две инвестиции ќе обезбедат електрична енергија од над 800 мегават часови од обновливи извори, што ќе обезбеди сериозно зајакнување на енергетскиот капацитет на државата.

Имајќи го предвид покачувањето на електричната енергија, Владата предводена од СДСМ обезбеди 60 милиони денари со кои ќе им се помогне на околу 7.500 семејства од ранливите категории, преку субвенционирање на сметките за електрична енергија. 

Сето ова се мерки кои ги преземеме за заштита на животниот стандард и унапредување на енергетскиот сектор.

Автопат „Струма“ Ацевски СДСМ ЧЛЕН ИО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.