Author: Ана Василевска

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, го критикуваше претседателот на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел ле Грет, кој изјави дека воопшто не го интересира каде легендарниот тренер Зинедин Зидан ќе ја продолжи кариерата. Првиот човек на францускиот фудбал гостуваше во емисијата „Бартоли тајм“ на Радио РМЦ Спорт кај прославената француска тенисерка Марион Бартоли, каде објасни зошто е одлучено Дидие Дешамп да остане селектор на Франција. Дел од медиумите претходно шпекулираа дека Зидан ќе биде нов селектор на Франција, но ФФФ неодамна го продолжи договорот со Дешамп до јуни 2026. „Не би му се јавил на Зидан на телефон доколку ме…

Read More

Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Катерина Крстева (1938 – 2023), дамата на македонското актерство – популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“, известуваат од МНТ. Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до…

Read More

До крајот на денов, како и утре претпладне во Македонија ќе се задржи стабилно и суво, додека само по одделни котлини и особено долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Веќе од утре попладне и навечер и тоа под влијание на влажен воздушен бран од запад ќе има врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе започне да дува засилен ветер од југоисточен правец, најавува метерологот Славчо Попоски. Врнежите ќе продолжат и во вторник а поради спуштање на постуден воздух од север,…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека според сите „мерења на јавното мислење огромно мнозинство, повеќе од три четвртини, се противи на промената на Уставот“, т.е. на внесувањето на Бугарите во него за да може по скринингот да се отвори првото поглавје во преговорите со ЕУ. Дали е тоа навистина така, дали оние околу 80 отсто од граѓаните што беа против внесувањето на Бугарите во Уставот во летото, денес се навистина толку? Последната анкета на ИРИ покажува дека тој број драстично се намалил во време на нивното истражување направено на крајот на септември и почетокот на октомври, а објавено…

Read More

1,7 милијарди луѓе живеат под популистички лидер на почетокот на 2023 година, во споредба со 2,5 милијарди во 2020 година. Популизмот е дефиниран со две тврдења: 1. „Вистинските луѓе“ се во конфликт со „аутсајдерите“ и 2. Ништо нема да ја ограничи волјата на „вистинскиот народ“. Три категории популизам: Културен, социоекономски и анти-естаблишмент  Бројот на популистички лидери ширум светот падна на најниско ниво во последниве 20 години, по серијата победи на прогресивците и центристите во текот на изминатата година – ова го покажува анализата на Институтот Тони Блер според која бројот на луѓе кои живеат под популистички режим е намален за…

Read More

Артан Груби го честиташе денешниот празник Божиќ и на својот фејсбук профил напиша: „По повод вашиот празник Божиќ, посакувам вашите семејства да бидат благословени од светлината на здравјето, мирот и бескрајните добрини! Овие празнични мигови нека бидат рефлексија околу светоста на семејството, околу високите вредности на духовно прочистување, меѓусебна почит и искрено пријателство! Среќен Божиќ!“

Read More

Иранскиот врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи го разреши началникот на националната полиција Хосеин Аштари. Ајатолахот Хамнеи не наведе зошто е сменет Аштари, кој во изминатиот период често беше критикуван поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена од полицијата за морал во Техеран поради неправилно носење на хиџабот. Аштари тврдеше дека полицијата не е виновна за смртта на Амини. Хамнеи го именува заменик-началникот Ахмед-Реза Радан на местото на Аштари.

Read More

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на сите православни верници им го честиташе големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ. „Светлината на Божиќ нека се всели во нашите домови и донесе просперитет во целото општество. Да се почитуваме меѓу себе, да бидеме солидарни и да си ја чуваме татковината“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Read More

Поранешниот премиер на Дагестан, Магомед Абдулаев загинал во сообраќајна несреќа во Махачкала додека поминувал улица надвор од обележаниот пешачки премин. Тој бил прегазен од Лада нива, а возилото било управувано од 55-годишен маж. Тој веднаш бил пренесен во болница, каде и починал. Неговата смрт следи по низата смртни случаи на истакнати руски богаташи и функционери кои умреле под мистериозни околности од почетокот на инвазијата на Украина. Абдулаев инаку беше близок со поранешниот руски претседател и премиер Димитри Медведев, а беше и жесток поборник на војната во Украина. Абдулаев беше премиер на Дагестан од 2010 до 2013 година. Против него во 2015 година беше…

Read More

Во 40 градови во Франција за денеска се најавени протести на граѓанското движење Жолти елеци, кое е незадоволно од реформите на пензискиот систем и растот на цените. Протести се најавени во Париз, Лион, Безансон, Стразбур, Ница, Тулон, Тулуз, Марсеј, Колмар и Мулхаус. Аполитичкото движење Жолти елеци, што спонтано се појави на социјалните мрежи, почна со протести ширум Франција во средината на ноември 2018 година, поради тогаш најавеното зголемување на даноците за гориво. Протестите подоцна се претворија во општо незадоволството на граѓаните од политиката на претседателот Емануел Макрон, за кој тврдат дека ги фаворизира богатите и големите компании. Собирите обично се…

Read More

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА За да бидеш среќен во животот, треба да имаш добро здравје и лоша меморија, рекла Ингрид Бергман. Не можам да се пофалам ниту со првото, а особено со второто, иако овој рецепт за среќа на филмската дива ми се чини прилично добар. Кој знае што се ви мина низ умот во најлудата ноќ и следниот ден кога мамурлакот го лекувавте со честитки, подароци, виенскиот концерт и сармата? И токму затоа што тешко заборавам, ама баш на секои новогодишни празници ми текнува една апсурдна блуз-приказна во која главниот актер е еден мој предок. Како и многу негови сонародници…

Read More

Пишува: МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ Напад врз домот на демократијата, спречување мирен трансфер на власта, странски интервенции врз демократски држави, насилство, крв, трауми, партиски челници како организатори – ова се сличностите меѓу насилниот упад врз Капитол Хил, зградата на Конгресот на САД, на 6 јануари 2021 година и насилниот упад врз македонскиот Парламент на 27 април 2017 година. Домот на Конгресот на САД, Капитол Хил, на почетокот од годинава повторно се отвори за туристички посети после периодот на затворање поради пандемијата од 2020 година и точно две години после насилствата предизвикани од поддржувачите на Трамп кои беа незадоволни од изборниот пораз. Две години…

Read More