Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Достоевски беше, колку што знам, првиот што ја формулираше оваа идеја за Русија како вечна жртва на Европа. Со наслов „Денацификацијата треба да започне дома, во Русија“, во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), словенечкиот филозоф Славој Жижек ја коментира актуелната руска агресија врз Украина во широк геополитички контекст, состојбите со демократијата во Европа, можните идни сценарија за развој на состојбите, реорганизирање на левите и десните, ситуацијата на северот од Косово. Тој прави аналогија на германскиот нацизам и руската агресија, ги коментира корените на потребата од руски империјализам. Контроверзниот „ентертејмент“ филозоф како што многумина го нарекуваат, во ова интервју разговараше…
Актерот Хју Џекмен на своjот интернет-простор објави видео во коешто „ја моли“ американската Академија за филмски науки и уметност да не го номинира неговиот колега Рајан Рејнолдс за „Оскар“ оваа година. Имено, Рејнолдс е во потесниот круг за номинација за најдобра песна, за „Good Afternoon“ од божиќниот филм „Spirited“, во којшто глуми со Вил Ферел. „Го сакав ’Spirited‘ како филм, го гледав со целото семејство и навистина уживавме. Го сакам Ферел, ја сакам Октавија Спенсер и ја сакам песната ’Good Afternoon‘. Се смеев во текот на целиот филм и тој е брилијантен“, вели Џекмен. Потоа почнува со малку поинаков тон: „Сепак, Ве…
Предвремените парламентарни избори што во континуитет ги бараше ВМРО-ДПМНЕ, не се случија според нивните очекувања во 2022 година. На оваа тема, Џабир Дерала, ЦИВИЛ, изјави дека секое вакво барање непотребно го оптоварува системот и штети на процесите кои веќе се почнати. Тој додаде дека во услови на економско-енергетска криза, и последиците од руската агресија врз Украина, од една страна, членството во НАТО и ЕУ интеграции, од друга страна, најмалку што е потребно на државата е шок за системот. „Предвремени избори се апсурд. Нема ништо да решат. Можат само уште повеќе да ги блокираат процесите, бидејќи во моментот има блокади…
На граничниот премин Табановце повторно километарски колони. Автомобилите и автобусите едвај се движат за да ја поминат границата. Напливот на колони е предизвикан делумно од пофреквентните празнични патувања, но граѓани заглавени во возилата, за НоваТВ велат дека се сомневаат во брзината со која полициските службеници ги вршат проверките. Минатата недела на 25 декември, МВР во координација со Обвинителството спроведе апсење на полициски службеници на граничниот премин Табановце. Поради полициската акција, на граничниот премин се создадоа километарски колони на возила и се чекаше по неколку часа. А.В
Полека, но сигурно се формира нов светски енергетски поредок, во кој доларот нема да биде доминантно платежно средство, пишува „Фајненшл тајмс“. Подготвеноста на Кина да се префрли на купување нафта од земјите од Персискиот Залив во јуани води кон формирање на нов светски енергетски поредок, според „Фајненшл тајмс“. Пред 77 години, американскиот претседател Френклин Делано Рузвелт и саудискиот крал Абдул Азиз Ибн Сауд се договорија за геополитички сојуз, според кој, американските безбедносни гаранции за Саудијците на Блискиот Исток беа во еден вид размена за договор за ексклузивна продажба саудиска нафта во американски долари. Сепак, времињата јасно се променија и 2023…
Ројтерс откри дека многу од најгласните застапници за промена на политиката на Германија за Украина користат лажни имиња и имаат скриени врски со руската држава или ентитетите во земјата. Агентите кои го поддржуваат Путин во Германија работат на тоа да го свртат Берлин против Украина, покажа истрагата на Ројтерс. Меѓународната новинска агенција откри дека клучните личности кои водат кампања за Германија да го промени курсот за Украина имаат врски со руската влада или со екстремната десница. Тие укажуваат на кампањата, и на интернет и на улиците, која го повикува Берлин да ја преиспита својата поддршка за Украина, искажувајќи пораки кои…
Украинскиот премиер Денис Шмихал му честиташе на премиерот Димитар Ковачевски за почетокот на претседавањето со ОБСЕ на Северна Македонија и рече дека се надева на дополнителна поддршка за Украина, пренесува Укринформ. „Северна Македонија го презема претседавањето со ОБСЕ за 2023 година. Честитки до премиерот Димитар Ковачевски! Сметаме на континуирана соработка со ОБСЕ, понатамошна координација и поддршка за Украина“, напиша Шмихал на Твитер. North Macedonia 🇲🇰 takes over as @OSCE Chair for 2023. Congratulations to PM @DKovachevski! We count on continued cooperation with the OSCE, further coordination and support for Ukraine 🇺🇦. — Denys Shmyhal (@Denys_Shmyhal) January 2, 2023 Од Укринформ…
Албанскиот премиер Еди Рама синоќа, на 3 јануари, објави дека сателитите Албанија 1 и Албанија 2 биле лансирани во вселената од базата Кејп Канаверал на Флорида. Двата сателита ќе ја чинат Албанија шест милиони долари за период од три години, а владата во Тирана ќе има приоритетен пристап до нив. Сателитите ќе и користат на државата и за борба со организираниот криминал, трговијата со наркотици, подобра идентификација на опожарени подрачја. Рама сподели видео на Фејсбук на кое се гледа моментот на лансирањето. „Речено, сторено. Лансирана е ракетата Фалкон 9, која ги носи нашите два сателити Албанија 1 и Албанија 2…
Првата голема зимска бура шти ги зафати САД донесе интензивни врнежи од снег и смрзната лапавица на пространството од северните рамнини до Големите езера, како и закани за појави на торнада и поплави во јужните делови на земјата. Националната метеоролошка служба предвидува обилни снежни врнежи од 2,5 до 7,5 сантиметри на час во делови на државите Небраска, Јужна Дакота и Минесота, каде се очекува да наврне и до метар снег. Врнежите се очекува да бидат проследени со невреме и грмотевици. Прогнозите се дека снежните наноси ќе доведат до прекин во сообраќајот во некои области, додека маглата и замрзнатиот дожд ќе…
„Снежана на крајот умира“, „Кајмак“ и „Од рајот“ се трите наслови со кои Кинотеката ја започнува филмската програма во 2023 година. Од Кинотека информираат дека „Кајмак“ на Милчо Манчевски и „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески имале одличен одѕив кај публиката, па практично на барање на филмофилите овие два наслови одново се на филмската програма на кинотеката. На новата програма на Кинотеката ќе биде и црната комедија „Од рајот“ на режисерот Срѓан Драгојевиќ. По овој мини-вовед во кинотечната Нова година, следува Кино утро со филмски наслови наменети за младата публика. На филмската програма на Кинотеката вечер и утре со почеток…
Светски познатиот актер Кијану Ривс не се однесувал како филмска дива кога бил принуден да ги пропушти првите 20 минути од својата забава за новиот филм „Божја ќерка“. Тој останал да чека во редицата пред клубот Леонора во Челзи, Њујорк, на пороен дожд. Неговиот возач на Рони Саншајн сподели: „Кијану навистина трпеливо чекаше. Мислам дека не му кажа ништо на обезбедувањето на врата , во стилот „Јас сум Кијану“. Никој не го препозна.“ „Кијану изгледа многу обично. Врнеше, но тој само чекаше да дојдат неговите двајца пријатели.Не се однесуваше како да има пари. Мислев дека е некој рокер“, изјавиле од…
Премиерот Димитар Ковачевски во новогодишниот број на неделникот „Фокус“ потенцира дека патот на евроинтеграции на државата е неповратен, национален процес. Според него, сите 120 пратеници во Собранието имаат одговорност и обврска тие процеси да ги остварат поради подобра иднина на сегашните и идни генерации. „Тоа не е процес на еден човек или партија, туку национален процес. Нашите деца заслужуваат да живеат во европска држава, но не во европска држава во туѓина, туку во Северна Македонија членка на ЕУ, каде, исто како во земјите на ЕУ, владее економски просперитет, врвна демократија и социјална правда“, дециден е премиерот. За да се стигне…