Предвремените парламентарни избори што во континуитет ги бараше ВМРО-ДПМНЕ, не се случија според нивните очекувања во 2022 година.

На оваа тема, Џабир Дерала, ЦИВИЛ, изјави дека секое вакво барање непотребно го оптоварува системот и штети на процесите кои веќе се почнати. Тој додаде дека во услови на економско-енергетска криза, и последиците од руската агресија врз Украина, од една страна, членството во НАТО и ЕУ интеграции, од друга страна, најмалку што е потребно на државата е шок за системот.

„Предвремени избори се апсурд. Нема ништо да решат. Можат само уште повеќе да ги блокираат процесите, бидејќи во моментот има блокади од опозицијата. Може да чинат многу пари, што ние, граѓаните ќе треба да ги дадеме, како даночни обврзници и пак нипто да не се реши, туку да се упропастат добрите рабои кои во меѓувреме се случуваат во државата“, изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ по повод постојаните барања на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

„Доколку власта се согласи или се договори со опозицијата за предвремени парламентарни избори, јас лично сметам дека тоа ќе биде неодговорен акт. Неодговорно е да се даде на опозицијата можност да потроши пари и да упропасти процеси кои се започнати, се во тек или треба да започнат“, истакна Дерала.

Оваа содржина е дел од проектот „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ во кој учествуваа медиумски експерти и професионалци од Германија, Украина, Косово и Северна Македонија. Проект го спроведе Цивил во партнерство со германската организација Youth4Media и во соработка со германската мрежа Media Dialogue и Институтот за новинарство при Универзитетот во Кијив „Тарас Шевченко“, во декември, 2022 година.

Биљана Јордановска

камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети

Извор Цивил медиа