Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Модната куќа на Вивиен Вествуд, синоќа ја потврди веста за нејзината смрт а музичките и модните икони ги преплавија социјалните мрежи со збогувачки пораки. Кралицата на бунтовната мода која се прослави со нејзините контроверзни панк и њу вејв стилови дизајни почина во 81 година од животот „мирно и опкружена со своето семејство“, беше наведено во соопштението на модната куќа. Од почетокот на кариерата во 1970-тата година таа низ годините продолжи да облекува некои од најголемите звезди, во модата и во музиката. Колегата дизајнер Марк Џејкобс рече дека е со „скршено срце“ и на Инстаграм напиша: „Ти го направи тоа прва.…
Руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова повикана е денеска во Министерството за надворешни работи на Бугариоја по информациите дека Русија го бара бугарскиот новинар Христо Грозев. Други теми на разговор ќе бидат забраната за изучување на бугарскиот јазик во окупираните региони на Украина од страна на Руската Федерација и отстранувањето на портретите на бугарски историски личности, соопшти прес-центарот на Министерството за надворешни работи на Бугарија. Грозев работи за независната истражувачка новинарска мрежа Bellingcat, чии активности Москва ги прогласи за непожелни. Во соопштението на руското МНР се наведува дека тој се бара поради прекршување на „член од Кривичниот законик на Руската…
Во периодот од 2003 до 2022 година во светот се убиени 1.668 новинари, во просек по 80 годишно, покажуваат податоците кои денеска ги објави организацијата Репортери без граници (РСФ). Во извештјот се посочува дека Ирак и Сирија се сметаат за најопасни земји за новинарска професија. Тие две земји зафатени од војна со вкупно 578 убиени новинари само во последните 20 години претставуваат една третина од вкупниот број убиени новинари во светот во тој период, пред Мексико (125), Филипини (107), Пакистан (93), Авганистан (81) и Сомалија (78). Мажите претставуваат 95 отсто од убиените новинари. Во последните две децении, „најцрни“ години беа…
По сообраќајот, Данела Арсовска ја парализира и културата Пишува: Ана Василевска Библиотеката „Браќа Миладиновци“ се најде на врвот на листата за остварување на локалниот интерес во културата на Град Скопје со поддршка од 5.418 илјади денари, додека Младинскиот културен центар за севкупните активности и менаџирање доби 4.908 илјади денари. За финансирање на јавните установи кои се под капата на Градот меѓу кои се Културно информативниот центар, Универзална сала, Дом на културата Кочо Рацин од градската каса предвидени се 19.699.000 денари од вкупно 232.998.000 денари. „Предмет на оваа Програма се активностите што ќе се реализираат во текот на 2023 година, а…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања истакна дека со новиот концепт на даночна реформа се воведува праведен, ефикасен и модерен даночен систем кој овозможува стабилни приходи, економски раст и подобри услуги за граѓаните. Премиерот потенцираше дека за новиот концепт се водеше консултација со Стопанските комори и сите засегнати страни. „Ќе повторам дека со новата даночна реформа не се предвидуваат нови даноци, не се предвидува зголемување на даноците, односно данокот на личен доход останува со една стапка од 10 проценти, се укинува прогресивното оданочување кое требаше да стапи на сила од 1-ви јануари 2023 година, данокот на добивка…
Населението во Египет се зголемило за 1,6 милиони во 2022 година, објави Централната агенција за јавна мобилизација и статистика, цитирана од весникот „Ал Ахрам“. Во јануари годинава северноафриканската земја имала 102,8 милиони жители, а во декември тие веќе биле 104,4 милиони. Во најнаселената област – Каиро, веќе живеат 10,2 милиони луѓе. На второ место е Гиза со 9,5 милиони. Со сегашните стапки на раст, населението на Египет ќе порасне на 192 милиони луѓе во 2052 година, предвидува извештајот на Агенцијата за статистика. Пресметките покажуваат дека државата треба да ги удвои инвестициите во инфраструктурни проекти и јавни работи. Во последниве години,…
Tактиката на закани и провокации во кои се препушта Турција е апсолутен ќор-сокак, бидејќи Грција ниту се застрашува ниту се плаши, вели портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, јави дописничката на МИА од Атина. Иконому истакнува дека грчката Влада постапува исклучиво имајќи ги предвид меѓународното право и националните интереси и додава дека „би било корисно турските власти да го земат предвид ќор-сокакот и да не продолжат по истиот пат во новата година“. Писмената изјава на портпаролот на грчката Влада доаѓа откако шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара нема да дозволи Грција да ги прошири границите на…
Ние минатото лето имавме еден тежок преговарачки процес, ова беше година на тешки одлуки, на одлуки кои што претставуваа голем товар и за Владата и за Собранието, но од друга страна беа државнички и стратешки за нашиот натамошен пат, рече вицепремиерoт за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Сител телевизија. „Истото го имавме и пред 4 години кога требаше да влеземе во НАТО и сега сме исправени пред една таква дилема. Францускиот предлог е нешто што беше интензивно преговарано со најголемите сили во Европа и во Светот. Знаеме дека идејата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде тоа што ќе го претстави…
Ќе се формира комисија што ќе предложи корекции на постојниoт или изработка на нов учебник по историја и општество за петто одделение, информираа попладнево од Министерството за образование и наука. „Како резултат на увидените грешки во учебникот по историја и општество за петто одделение, целосно оправданите реакции на јавноста и согласно дописот од Здружението на историчари, Министерството за образование и наука и Педагошката служба информираат дека ќе се формира комисија што ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции. Комисијата ќе има законски утврден рок од 10 дена за да достави извештај до министерот за образование…
Министерството за правда ќе иницира нов законски акт документите за полагање правосуден испит да се чуваат најмалку десет години во електронска форма, наместо една година како досега, изјави денеска на брифинг со медиумите, министерот за правда Никола Тупанчески. Заменик министерот за правда Агим Нухиу, во однос на аферата со дипломите и дали некој може да полага правосуден испит без соодветна диплома, вели дека ако треба да се бара одговорност, тоа треба на Комисијата, а не кандидатот да биде мета бидејќи, според него, тој нема вина. „Министерството за правда и Комисијата за полагање на правосуден испит е административно тело. Никој не…
НУ Народен театар – Битола од фестивалот „Дани Јурислава Коренича” во Сараево која се одигра на 23-ти декември се врати со наградата за најдобра режија ,,Јурислав Корениќ” која оди во рацете на Васил Христов за претставата „Демони”. Народен театар Битола во Сараево последно се претставил во 2005 год. на фестивалот Месс со претставата ,,Тимон од Атина”. По 17 години се врати повторно пред сараевската публика со претставата ,, Демони”. Претставата „Демони“ е баран и наградуван театарски проект на НУ Народен театар-Битола, кој веќе е виден на Охридско лето, МОТ и фестивалот „Ристо Шишков“, а со фестивалски одличја за најдобри актерски…
Албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај на предновогодишната средба со новинарите, во врска со кибер-нападите во последните неколку дена врз некои банки од второ ниво во Албанија, рече дека вакви напади се случуваат насекаде низ светот, не само во Албанија, додавајќи дека нема оштетувања на банкарските сметки на албанските граѓани. „Има милиони напади. Сајбер војната е опиплива војна, и во јавниот и во приватниот сектор. Банките гарантираат дека не се допрени сметките на граѓаните. Албанската Влада презема реформа во оваа насока, каде што ќе ги следи сите напади што може да се случат во иднина. Овие напади не…