Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Длабоко човечка должност е да се крене гласот против злокобниот режим кој уби милиони луѓе – со глад!, истакна во својот говор Џабир Дерала во Собранието на Република Северна Македонија, по повод Денот на сеќавање на Гладоморот (26 ноември), организиран од Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија во соработка со Собранието на Република Северна Македонија. Говорот на Дерала проследете го во целост: „Пред 90 години, Сталин, диктаторот на државата што во тоа време се нарекуваше Советски Сојуз, издаде наредба за систематско и масовно изгладнување на една цела нација. Изгладнување до смрт. Украинската нација тогаш беше исправена пред изборот –…
Европскиот парламент ја прогласи Русија за „државен спонзор на тероризмот“ поради „бруталните и нехумани“ дејствија нанесени врз Украина и нејзините граѓани од почетокот на инвазијата, пренесува Еуроњуз. „Намерните напади и злосторства извршени од страна на Руската Федерација врз цивилното население на Украина, уништувањето на цивилната инфраструктура и другите сериозни прекршувања на човековите права и меѓународното хуманитарно право претставуваат акти на терор врз украинското население и претставуваат воени злосторства“. – изјавија европратениците во необврзувачка, но многу симболична резолуција. „Во светлината на горенаведеното, (Европскиот парламент) ја признава Русија како државен спонзор на тероризмот и како држава која користи средства за тероризам“. Силно формулираната…
Димитар Апасиев фалсификуваше десетици документи, одлуки и записници од состаноци што никогаш не се одржаа. На тој начин, без почитување на статут или право, тој ја фалсификуваше структурата на партијата и тие лажни документи ги достави до судот“ изјави Џејлан Велиу, една од основачките на Левица за меѓународниот левичарски портал „Јакобин“. Таа објаснува дека во февруари 2019 на овој начин, со лажирани оставки, четири членови, меѓу кои беше и таа, биле избркани од седумчленото претседателство на Левица. „Потоа тие ги сменија и бравите на партиската канцеларија во Скопје и ги презедоа веб страницата и профилите на социјалните мрежи на партијата. Неколку…
На 24 ноември се навршуваат 10 месеци од целосната воена агресија против Украина. Соочена со херојскиот отпор на храбрите Украинци и Украинки, руската солдатеска ги компензира секојдневните понижувачки порази на бојното поле со грозоморни воени злосторства. Цивилите, меѓу кои илјадници деца, жени, невооружени мажи и возрасни луѓе се подложени на непрекинато и неселективно бомбардирање. Војската и платеничките паравојски, вооружени до заби, фрустрирани од сопствената неспособност и кукавичлук, уште од првите часови на инвазијата убиваат цивили, силуваат жени и деца, ги подложуваат на ѕверска тортура, ги ограбуваат нивните домови, ја уништуваат инфраструктурата и го крадат украинското жито кое ја храни не…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери оствари средба со членовите на делегацијата на Комисијата за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, со Хаки Абази, Илза Хоти, Фиторе Пацоли и Тиме Кадријај, кои престојуваат во еднодневна посета на Република Северна Македонија. Претседателот Џафери нагласи дека оваа посета претставува дополнително унапредување на конструктивната билатерална соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Собранието на Република Косово, по посетите на високо ниво меѓу двете држави, меѓу кои и неговата официјална посета на Република Косово, реализирана во март оваа година. Тој го поздрави формирањето на Групата за пријателство во косовското…
Европското движење во Србија ги известува сите кои го следат порталот „Окружење“ (платформата на Европскиот фонд за Балканот и Европското движење во Србија) дека веб-страницата е под постојани хакерски напади во последниот месец. „Верувавме дека веб-страницата не е избрана намерно, туку случајно, но бидејќи и покрај сите преземени мерки и редовно одржување на страницата, овие напади се повторуваат во континуитет, се говори во прилог на основаното сомневање дека нашиот порталот е нечија мета“, се вели во соопштението. Како што посочуваат, „Окружење“ е единствен портал од ваков вид, каде секоја недела се објавуваат текстови од автори од сите земји од Западен…
Андонов: Трендот на заштеда на електрична енергија е во нагорна линија, заложбите не се декларативни
Владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов истакна дека штедењето за кое секојдневно се зборува е пред се во интерес на граѓаните и овие заложби не се само декларативни, туку се спроведуваат и секојдневно од сите институции. „Доказ за тоа се бројките и фактите, во месец октомври во споредба со истиот месец лани, државните институции со почитување на препораките за штедење на електрична енергија за безбедна зима успеале да заштедат 24 отсто електрична енергија. Владата на Република Северна Македонија заедно со посветениот и одговорен пристап на сите свои вработени заштедила вкупно 32 отсто на електрична енергија“, рече Андонов на денешната прес-конференција.…
ЈАВА ЊУЗ: Вака така, Русија ќе биде тука „Не се знае колку Русија ќе го цени движењето на ПД и ПЛ во овие диви ситуации кога „светот е во војна“. Москва ги очекува „силните“ протести на 6 декември против присуството на ЕУ во Тирана. Од тоа зависи дали Москва ќе го задржи истиот став кон проруската опозиција, или ќе покаже нервоза. Но, едно е сосема сигурно: и да победи или изгуби прорусизмот во Албанија (вака – така), Русија сепак ќе биде присутна покрај опозицијата овде.“, пишува Фрок Чупи во колумната „Вака така, Русија ќе биде тука“. ШЕЊА: Државата во сиромаштија,…
Велика Британија испраќа хеликоптери во Украина, изјави министерот за одбрана Бен Валас за првото летало со екипаж што Велика Британија ќе го испрати во Киев од почетокот на војната во февруари оваа година, објави денеска Би-Би-Си.Три хеликоптери Си Кингс (Sea Kings) кои припаѓаа на британската армија се наменети за Украина, а првиот веќе пристигна, наведува Би-Би-Си. Во текот на изминатите шест недели, украински пилоти беа обучени во Обединетото Кралство да управуваат со леталата кои се наменети за пребарување и спасување. Министерот Валас рече дека Велика Британија ќе испрати и дополнителни 10.000 парчиња артилериска муниција. Валас ја даде оваа изјава во…
Во собраниска процедура денеска влегува Буџетот за 2023 година. Буџетот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза за што се предвидени 250 милиони евра. Веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачување на пензиите, изјави денеска пратеничката од редовите на СДСМ Даниела Колева на прес-конференција во Собранието. „Овој најважен документ за македонската економија е прв буџет усогласен со новиот Закон за буџети. Буџетот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза за што се предвидени 250 милиони евра. Приходите во споредба со…
Алармот од амбасадата на Калето е израз на шок: кој ќе се бори против криминалот и корупцијата ако коалициите од полит- криминалот се посилни од политичките коалиции кои треба да не водат кон Е? Дали се точни анализите дека во третата власт се’ уште се комотни сојузите од почетокот на претходната деценија? ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Јасно е дека американската амбасадорка Aнџела Агелер има право да реагира на она што се случува во една земја која е НАТО партнер и како држава која е под на постојано набљудување во областа на остварувањето на правата, каде правосудниот систем во најшироката смисла има централно…
Собранието ќе го чека официјалниот извештај од МВР и ќе ја информира јавноста преку соопштение што се случи во петокот на затворената седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, информираше денеска на брифинг со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери. Седницата на Комисијата беше затворена за јавноста, но на Јутјуб се слушаше што се зборува односно како директорот на АНБ Виктор Димовски информира за случајот со давањето на македонско државјанство на украинецот Олесандер Онишченко. Џафери кажа дека засега не може ништо да каже бидејќи треба да се утврди дали…