Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колева: Во март ново зголемување на минималната плата и покачување на пензиите

0
By Ана Василевска on November 23, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Даниела Колева
Даниела Колева
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 23, 2022 13:46

Во собраниска процедура денеска влегува Буџетот за 2023 година. Буџетот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза за што се предвидени 250 милиони евра. Веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачување на пензиите, изјави денеска пратеничката од редовите на СДСМ Даниела Колева на прес-конференција во Собранието.

„Овој најважен документ за македонската економија е прв буџет усогласен со новиот Закон за буџети. Буџетот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза за што се предвидени 250 милиони евра. Приходите во споредба со 2022 година се зголемени за 14,8 посто додека дефицитот се намалува на 0,7 процентни поени  во однос на проекциите за 2022 година“, информира Колева.

Како одовор на последиците од кризата, но и за унапредување на животниот стандард на граѓаните, како што рече, се зголемуваат средствата за исплата на плати, пензии и социјални трансфери.

„Седумдесет и пет милијарди денари или 10 отсто повеќе се зголемуваат средствата за исплата на пензии, додека 12,5 милијарди денари се предвидени за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите катеогрии граѓани. Обезбедени се дополнителни средства за усогласување на платите со минималната плата во текот на слендата година согласно новата методологија. Веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачување на пензиите“, најави Колева.

Во Буџетот, дополни таа, не се занемарени ниту капиталните проекти кои се на ниво од близу 800 милиони евра или за околу 52,3 проценти повисоки во однос на проекцијата за 2022 година.

„Буџетот за 2023 година е развоен и обезбедува услови за зголемен економски раст кој во следната година според проекциите на ЕБОР треба да изнесува 2,3 отсто што е повеќе во однос на проекциите за растот во земјите на еврозоната кој исто така според ЕБОР е проектиран на 0,3 отсто. Повикуваме сите пратеници низ конструктивна и аргументирана дебата да го поддржат Буџетот за 2023 година кој е во интерес на граѓаните и македонската економија“, нагласи Колева.

Одговарајќи на новинарско прашање, Колева посочи дека до крајот на оваа година очекуваат поголем процент на реализација на капиталните проекти.

„Со оглед на тоа што се зголемени приходите во првите три квартали во споредба со минатата година, заради тоа имаме поголеми приходи. За следната година се проектирани поголеми суми и поголем број на инвестиции и капитални проекти“, рече Колева.

буџет минимална плата пензии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.