Author: Ана Василевска

За релативно кусо време Алшар стана препознатлива по фустаните со остри рабови, храбри откосувања, рачно обоени суптилни принтови. Не се води според трендовски модни линии, ниту пак создава креации само за жени со идеални пропорции. Во една од најубавите улички во скопско Дебар маало, непосредно до кафе “Бастион“, таму каде што е сочуван градскиот амбиент, со дрворед што се  менува сезонски во палета на бои и потсетува на Париз, се наоѓа модното атеље на креаторката Силвија Михајловска, позната под модната етикета Алшар. За релативно кусо време таа стана препознатлива по фустаните со остри рабови, храбри откосувања, рачно обоени суптилни принтови.…

Read More

Голема изложба со дела од Петар Хаџи Бошков со наслов „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“ ќе биде отворена во сабота, на 18. септември, во 18 часот. Поставката вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на Хаџи Бошков, кои опфаќаат четиридецениски период (1962 – 2004) од овој значаен уметник, чие творештво е вградено во темелите на современиот културен идентитет на земјава.Куратор и автор на концептот е Владимир Јанчевски. Проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ. Иницијативата за овој проект е на Националната установа за управување со археолошки локалитет Стоби – Градско, и се реализира во рамките на…

Read More

Во петок 17. септември почнува првото издание на онлајн интернационалниот алтернативен фестивал “Тетарски европски алтернативи-STURM UND DRANG“. Оваа година фестивалот ќе претстви над 70 артисти во различни уметнички области. Публиката ќе има можност да гледа 11 театарски продукции во интернационална и студентска програма од: Србија, Бугарија, Црна Гора, Романија, Словенија, Словачка, Италија, Франција, Австрија и Англија. Во програмата „Нов Бран“ ќе се претстават 12 македонски уметници во 4 категории: поезија, музика, дизај на постер и фотографија. Исто така ќе се претстават млади автори со нивните нови драмски дела на настанот “Скопските шепоти, крици и драматизирања” во продукција на Македонски центар…

Read More

„Едни од други се повеќе не оддалечува беспарицата и летаргијата, повеќе отколку дали тука има граница или нема, или дали утре повторно ќе ја нема“., вели Јанковиќ Владимир Д. Јанковиќ е српски поет, есеист, преведувач на 300 дела од англиски и француски јазик меѓу кои 110 романи на врвни автори како Мишел Уелбек, Ијан Макјуан, Фредерик Бегбеде, Хилари Мантел, Амели Нотомб, Мишел Турније, Т. Корагесан Бојл, Лејла Слимани, Виржини Депент, Џозеф О’Конор… „Света Јелена“ е насловот на неговата петтта книга поезија. Оваа книга поезија е во издание на младата просперитетна издавачка куќа „Stella Polare“, а наскоро се очекува книгата да…

Read More

Филмот „Северен пол“ на Марија Апчевска во продукција на „Кино око“ – првиот македонски краток филм кој бил во трка за Златна палма на Канскиот фестивал, во сабота на 18. септември, ќе биде прикажан во Центарот за култура во 18.00 часот во рамките на престојниот Интернеционален фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Филмот е сниман на супер 16 мм филмска лента на локации во Скопје и Македонска Каменица. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на…

Read More

Заложувавме автомобили да донесеме диџеи, најважно беше да има добра журка и да струи модерен ветар, раскажуваат Огнен Узуновски Оги и Миле Станишковски Станиш Осамостојувањето и промената на општественета клима донесе години на неизвесност, транзиција, ембарга, визен режим, воен конфликт, но за кретивните поединци тоа значеше предизвик. Овој нов политички ветер беше клучен за храбро одвојување од локалниот контекст и вртоглав чекор кон новите музички правци. И додека Скопје полека ги надминуваше клупските џез-свирки и во светот се раѓаше нова музика заедно со идејата за глобализација, кај нас срамежливо се создаваше јадро од млади промотори, поддржувачи и уметници. Дотогаш, електронскиот…

Read More

За потсетување, Фестивалот ги има наградено со истата награда Дејвид Боуви (2015), Леонард Коен (2016), Руичи Сакамото (2018), Филип Глас (2019), Влатко Стефановски (2019) и New Order (2020) Во дворот на Кинотека на С. Македонија, на 18 септември, со почеток во 19 часот ќе започне седмото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје синема сити. Филмот што ќе го отвори Фестивалот е „Кога ќе се родиме“ во режија на Винсент Мун, за филмскиот композитор Олафур Арналдс, којшто е воедно и „Артист во фокусот“. Секое издание на Скопје синема сити го отвора филм за одреден уметник, на кого му…

Read More

Во старото градско јадро на Старата скопска чаршија на 15, 16 и 17 септември, во организација на Културно-информативниот центар – Скопје, ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, чија цел, веќе неколку години е да ја заживее чаршијата преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовни изложби и презентација на стари занаети. „Звуците на чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација, која годинава се одржува по 15-пат, со идеја да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини. Таа придонесува кон континуираните активности на градот…

Read More

На 20 септември, ќе се одржи жтркалезна маса на темата „Литературата во време на пост-вистината“ Деветмина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко ќе бидат гости на 9. Издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, што ќе се одржи од 19 до 22 септември во Скопје. На годинашниот лауреат Мирча Картареску, ќе му се придружат писателите: Јоана Николае, Анте Томиќ, Миљенко Јерговиќ, Оливера Ќорвезироска, Гојко Божовиќ и Калин Терзиски. Нивното творештво ќе биде промовирано на отворањето на 19 септември, во Даут-пашиниот амам. Лауреатот Картареску е еден од најважните прозни автори, на самиот врв на европската литература. Најважните светски медиуми го…

Read More

Токму Анџелина Џоли и Бред Пит беа воодушевени од Системот за рефлектирачко филмско осветлување Бергер/Бартенбах. Во рамките на престојното издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде одржана работилница со Кристијан Бергер годинешниот лауреат на „Златна камера 300“ за животно дело на „Браќа Манаки“. Работилницата е  насловена „Систем за рефлектирачко филмско осветлување Бергер/Бартенбах“. „Првпат го користев „Системот за рефлектирачко филмско осветлување Бергер/Бартенбах“ кога работев со режисерот Михаел Ханеке на филмот „Учителка по пијано“. Го користев само во мали делови, не на целиот филм. Тоа беше тест за мене да видам како работи, како можам да го користам… и се разбира без…

Read More

Асан Алиу, поранешен кинооператер на некогашното кино во Виница,  уживал во проекцијата на документарни филмови, но се потсетил и на времето кога тој ги менувал филмските ленти на проекторот во киното што не работи веќе 15-ина години.  Со проекциите на документарни филмови на 3 и 4 септември во Виница и Пекљани заврши годинашното Патувачко кино на „МакеДокс“, кое се одвиваше во викенд-формат во текот на јули, август и септември и посети седум населени места во Источниот плански регион на државата. „Проекцијата во Виница се одржа на 3 септември пред Домот на културата „Тошо Арсов“. Градот Виница е најпознат по Виничкото…

Read More

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, во рамки на изложбата ќе има и резиме на околу 143 автори кои имаа најголемо влијание во изминативе 30 години, а чии дела ќе бидат дигитално претставени. По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, вечерва во претседателскиот кабинет, претседателот на државата Стево Пендаровски свечено ќе ја отвори изложбата „Ликовни блесоци“ на која ќе бидат претставени автори и дела кои се приказ за виталноста и автохтоноста на историското колективно постоење и дејствување. На изложбата во претседателскиот кабинет ќе бидат претставени дела на Димитар Пандилов Аврамовски, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Љубомир Белогаски, Димитар…

Read More