Филмот „Северен пол“ на Марија Апчевска во продукција на „Кино око“ – првиот македонски краток филм кој бил во трка за Златна палма на Канскиот фестивал, во сабота на 18. септември, ќе биде прикажан во Центарот за култура во 18.00 часот во рамките на престојниот Интернеционален фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Филмот е сниман на супер 16 мм филмска лента на локации во Скопје и Македонска Каменица. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, а кастинг-директор Киријана А. Николоска. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент на филмот е Роберт Насков, копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ, сценарист и режисер е Марија Апчевска.
По наградуваниот „Бардо“ (2012) и „Амби“ (2017), ова е трет краток филм на Апчевска.