Author: Biljana

Случајот на Северна Македонија е сериозен тест за европската перспектива на регионот и за постулатите на Унијата како заедница на вредности, што ја слави јазичната и културната различност на континентот. Влогот е огромен, и повикувам како земја и народ да бидеме третирани со достоинството што го заслужуваме и да бидат применети критериумите за пристапување кон Унијата како и европските вредности. Ова вчера го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на вториот ден од неформалниот состанок на министри за европски прашања, во своето обраќање на пленарната сесија во Брдо, Словенија. Во меѓувреме, вршителот на должност бугарски министер за надворешни работи…

Read More

Ние имаме обврска да им служиме на граѓаните што не избраа, секој ден подобро и затоа во сите сектори направивме драстични промени, порача потпретседателката на СДСМ Мила Царовска на граѓанската трибина на „Најдоброто за нашата општина“ во Битола. Таа нагласи дека за време на претходната власт работниците беа оставени на маргините, ВМРО-ДПМНЕ ги продаваше на инвеститорите како евтина работна сила, и не се усрами, ниту се извини за тоа, а ние за 6 месеци покажавме дека може поинаку, ја зголемивме минималната плата, докажавме дека таа може да биде повисока и да расте, така ние се грижиме за граѓаните. Потпретседателката Царовска…

Read More

Експертскиот комитет за имунизација им препорача на граѓаните на Србија кои ја примиле втората доза на вакцина против коронавирус пред најмалку шест месеци да им се даде трета, таканаречена „бустер“ доза на вакцина базирана на технологијата на РНК, како што се произведени вакцините од компаниите Фајзер и Модерна. Се наведува дека препораката до Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата е дадена врз основа на „неколку студии досега што покажаа дека примената на третата доза доведува до зголемување на хуморалниот имунолошки одговор“. „Врз основа на досегашните, малубројни студии кои покажаа дека употребата на третата доза или бустер дозата на вакцината против…

Read More

За четири години покажавме што значи да се работи одговорно и отчетно во интерес на граѓаните, за четири години направивме сериозна позитивна трансформација на секој сегмент од општеството, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи на вечерашната трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Битола. „За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, беа потрошени 250 милиони евра пари на граѓаните за да се креираат 15.000 работни места. Ние за 4 години обезбедивме 90.000 работни места, а за тоа само минатата година имавме потрошено 70 милиони евра, за разлика од 250 милиони евра за само 15.000 работни места. И тоа не беше доволно, во…

Read More

Собранието на Република Северна Македонија попладнето ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот за 2021 година, во рамки на 47-та седница. Пратениците од опозицијата рекоа дека ребалансот на Буџетот не е развоен, дека се кратат капиталните расходи, а се зголемуваат материјалните трошоци. Тие забележаа дека Владата води погрешни економски политики, која ќе ги донесе граѓаните да бидат најзадолжени во историјата, а економијата да биде во најголема криза. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дејанчо Ефтимов забележа дека Владата во последните три години го зголемила долгот за 2,5 милијарди евра. „Првпат ги надминавте Мастришките критериуми. Задолжувањето во моментот е 62 отсто. Првпат…

Read More

Русија е отворена за предлогот на Европската унија за меѓусебно признавање на вакцините против Ковид-19 и сертификатите за имунизација, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Неодамна Европската комисија предложи ‘Ајде да разговараме со Русија за взаемно признавање на вакцините и сертификатите’. Ние сме отворени за тој дијалог“, истакна Лавров на семинар за руската надворешна политика. Европската агенција за лекови не одобри употреба на вакцината Спутник В во земјите од Европската унија, но Унгарија и Словачка ја набавија најпознатата руска вакцина против коронавирусот.

Read More

Поддршка за проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан изрази алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис пред почетокот на состанокот на ЕУ министрите во Брдо крај Крањ, истакнувајќи дека тоа е доминантна цел во нивната надворешна политика, јави дописничката на МИА од Атина. – Западен Балкан и проширувањето на Унијата кон нив, за нас претставува доминантна цел во нашата надворешна политика. Веруваме дека извозот на демократија и развој на Балканот ќе донесе значителна промена во подобрувањето, не само на животите на милионите балканските народи, туку особено на безбедноста во нашето соседство, рече Варвициотис. Алтернативниот министер…

Read More

Сузана Охлен (39) репортерка на германскиот ТВ канал „Ер Те Ел“, добила отказ откако била фатена како се мачка со кал пред да снима репортажа во градот Бад Мунстереифел кој беше разурнат град од поплавите што ја погодија Германија, пренесува „Дојче Веле“. Охлен се намачкала со кал за да се преправа дека учествувала во напорите за расчистување на градот по големите поплави што однесоа најмалку 170 животи. На снимката се гледа репортерката која е облечена во сина кошула, капа и чизми, а потоа може да се воочи како се наведнува, зема кал и ја размачкува на нејзината облека додека е…

Read More

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за весникот на албански јазик „Коха“, посочи дека во носењето на законското решение со Предлог – законот за работни односи со кој се дефинира дека „Недела е ден за одмор“ беа вклучени сите засегнати чинители. Шахпаска посочи дека за ова законско решение се разговараше на пет седници на Економско социјалниот совет, на кои претставници на синдикатите и на работодавачите ги кажаа своите ставови. За овој законски предлог се дискутираше и со Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на РСМ со Комората на северно-западна Македонија. „Целта поради која го носиме законот…

Read More

Светската здравствена организација ги повика сите земји да работат заедно за да го испитаат потеклото на коронавирусот, еден ден откако Кина ги отфрли плановите за дополнителни лабораториски проверки на нејзина територија. СЗО предложи овој месец продолжување на претходните истраги во Кина. Заменик министерот на кинеската Национална комисија за здравство вчера рече дека Пекинг нема да го прифати предлогот каков што беше. Коментирајќи го одбивањето на Кина, портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, на состанокот на ОН во Женева рече дека не станува збор за политика или игра на вина. „Во основа е барање сите да мора да се обидеме да сфатиме…

Read More

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска одобри употреба на вакцина против коронавирусот на компанијата „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години, и тоа е втора вакцина препорачана за адолесценти. Употребата на вакцината Спајквакс на Модерна ќе биде иста како кај адолесцентите на возраст од 18 до 25 години. Компанијата „Модерна“ уште во мај објави дека нивната вакцина е ефикасна и за тинејџери.

Read More

Собраниската Комисијата за европски прашања денеска го усвои дневниот ред на 23-та седница со што и официјално почна расправата по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството, по скратена постапка во второ читање. Дебатата трае два дена, а веќе следната недела се очекува предлогот да се најде пред пратениците за усвојување. Гласањето на дневниот ред се одвиваше во тензична атмосфера, а пратениците од ВМРО ДМПНЕ и Левица преку процедурални излагања се обидуваа да го спречат усвојувањето на дневниот ред. Од опозицијата реагираа дека со употребата на Европско знаменце, се урива кредибилитетот на собраниските комисии и се…

Read More