Author: Biljana
„Властите ја потврдија смртта на 11 лица, а се уште се трага по тројца спасувачи чиј брод се превртел во каллив поток“, соопшти телевизискиот канал РТБФ. Спасувачките екипи користат моторни чамци и хеликоптери за да ги евакуираат луѓето. Во меѓувреме, властите во областа Ахрвејлер во западната германска покраина Рајнска област-Пфалц соопштија дека најмалку 1300 лице се исчезнати и за нив нема никаква информација. Само во областа на окружниот град Бад Ноенахр-Ахрвајлер, од утрово имало околу илјада повици, а операциите за спасување продолжуваат. Во Германија досега се потврдени најмалку 59 жртви. Состојбата со надојдените реки е алармантна и во Холандија. Тамошните…
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ изработи претставка против незаконски издаденото одобрение за градба и незаконски применуваниот ДУП кај Холидеј Ин што ја адресираше до три надлежни инспекциски служби – Инспекциски совет, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам и Државен инспекторат за локална самоуправа, соопштуваат од иницијативата. Тие претставката денеска и официјално ќе ја поднесат во Инспекцискиот совет. „На нашиот ФБ профил ги повикавме скопјани да ја поднесат истата претставка од своите електронски адреси. До овој момент електронски се поднесени над 80 претставки“, велат од „Зелен хуман град“. Спиред нив, Деталниот урбанистички план кој моментално се применува бил спротивен на одредбите…
Претседателот на САД, Џозеф Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел, во Вашингтон разговараа за односите меѓу двете земји, пред се за разликите околу гасоводот „Северен поток 2“ и ставовите кон Кина. За време на краткиот состанок со новинарите, и Бајден и Меркел се обидоа да ги намалат постојните разлики, јавија американските медиуми. Бајден рече дека „соработката меѓу САД и Германија е силна“, а Меркел, која имаше лоши односи со неговиот претходник Доналд Трамп, рече дека е „многу среќна што ги продлабочува односите“ меѓу двете земји. Канцеларката беше на работен појадок со потпретседателката на САД, Камала Харис, чиј кабинет објави дека…
Заштитните маски се враќаат во Лос Анџелес, каде здравствените работници се борат со алармантно зголемување на бројот на луѓе кои страдаат од многу заразна варијанта Делта на коронавирусот Лос Анџелес, каде живеат 10 милиони луѓе еден од неколкуте окрузи каде властите неодамна препорачаа или наредија носење маски и други мерки против пандемијата. Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес побара носење маски во затворени јавни простории и фирми, без оглед на тоа дали граѓаните се вакцинирани или не. Потегот следува по шест дена во кои се пријавени повеќе од 1.000 нови случаи на заразени со Ковид-19 во округот Лос…
Законот за животно партнерство на лица од ист пол бил изгласан денеска во Собранието на Црна Гора, пренесе црногорскиот портал „Вести“. Предлог-законот за истополово партнерство го поддржале 42 пратеници. Нацрт законот ќе почне да се применува после една година од датумот на усвојување во Собранието. Секојдневието на ЛГБТ паровите во Црна Гора би можело да биде слично како и секојдневието на хетеросексуалните партнери, барем на хартија, но со големи ограничувања бидејќи законското решение не предвидува можност за старателство или посвојување на деца. Што добива ЛГБТ заедницата со овој закон? Од ресорното министерство велат дека ЛГБТ популацијата ќе добие исти права…
Двојазичен прирачник за семејства на деца со аутистичен спектар на нарушување „Живот со аутизам – Предизвици и стратегии за поддршка“ денеска беше промовиран во кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија. Прирачникот е резултат на долгогодишна посветена работа на авторите доц. д-р Стојан Бајрактаров, доц. д-р Насер Дурмиши, д-р сци Силвана Филипова и Билјана Крстевска-Кокорманова, а негови рецензенти се доц. д-р Ана Попоска, м-р Василка Галевска – Јовчевски и м-р Дита Торте – Чиче. Во своето обраќање на настанот, сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска истакна дека овој прирачник може да им помогне на членовите на семејствата подобро да ги разберат…
Собраниската Комисија за финансирање и буџет и денеска ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2021 година во рамки на која треба да се разгледаат вкупно 222 амандмани од кои 153 се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Во претпладневниот дел од денешната работа Комисијата не ги прифати амандманите од пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците со кој се бараа средства за поставување мерни станици во сите општини во земјава за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух, како и на Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараа 15 милиони денари за поставување две мерни станици во Општина Кисела…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КЗСД) утврдила директна дискриминација по основ на родов идентитет сторена врз транссексуална жена од страна на аптеката „Виола“, информираше Коалицијата МАРГИНИ. Дискриминацијата, според нив, била сторена преку барање на специјалистички извештај за добивање на лек и покрај уредно приложени рецепти, читање на глас на лични податоци пред трети лица и вребално вознемирување од страна на апотекарката. Согласно „Правилникот за поблиските услови за начинот на пропишување и издавање или продавање на лекови“, лекот се издава со рецепта. Апотекарот нема право да го условува издавањето на лекови со доставување на специјалистички извештај. КСЗД препорача на…
Помалите политички партии кои се дел од владејачката Коалиција „Можеме“ се уште калкулираат дали на изборите за градоначалници во октомври ќе настапат соло или ќе останат дел од Коалицијата. Од Демократскиот сојуз велат оти нема да брзаат со одлуката бидејќи се уште во партијата се правеле анализи околу претстојните локални избори. „Демократскиот сојуз се подготвува за избори, но се уште размислуваме околу одлуката дали ќе настапиме како дел од Коалицијата или самостојно. Сите опции се отворени. Ни требаат уште десетина дена да ги направиме сите анализи и проценки пред да излеземе со конечна одлука“, вели Павле Трајанов во изјава за…
На Клиниката за кардиологија кај сто пациенти е применета минимално инвазивна метода со која со катетар наместо со отворена операција на срцето се заменува една од валвулите и тоа е тренд секаде во светот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Клиниката. Тој рече дека со директорот на Клиниката за кардиологија, Жан Зимбаков посетиле и поразговарале со неколку пациенти кај кои е аплицирана таа метода што интензивно се работи во изминатите три години. Посочи дека денеска ги финализирале и последните разговори околу тоа што дополнително треба да се направи да се доопреми еден дел од Клиниката за…
Во овој момент не постојат посериозни индиции дека може да дојде до зголемување на мигрантскиот бран, меѓутоа државата е подготвена да одговори на сите предизвици, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали сме подготвени за евентуален нов мигрантски бран со оглед на новонастанатата ситуација во Авганистан за која јавуваат светските медиуми. Тој наведе дека во моментот нема зголемување на илегални обиди, генерално ако споредиме со претходните години, меѓутоа тоа не значи дека нема утре да се случи. „Ние како држава сме подготвени и имаме два транзитни центри на територијата на Република Северна Македонија. Не…
15 – годишната пливачка Миа Блажевска Еминова од Карпош ќе замине на Летните олимписки игри во Токио. Пред заминувањето во Токио, таа заедно со својот личен тренер Илија Стојановски и својот татко, Мирсад Еминов, беа на прием кај градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев. Миа Блажевска – Еминова има 15 години и е жителка на Карпош, која врз основа на своите резултати стекна право да ја претставува државата на ЛОИ во Токио. Градоначалникот Стефан Богоев, на Миа и на целиот нејзин тим им посака добро здравје, среќа и успех на овој глобален спортски настан. „Основната цел, како локална самоуправа е…