Author: Biljana

„Епидемиолошката слика во земјава е добра и нема простор за загрижување кај граѓаните и воедно нема ризик за организирање на семејни прослави и културни настани во текот на ова лето“, рече во вечерашното издание на емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија, министерот за здравство д-р Венко Филипче, тој образложи дека смета дека „Засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи овој вирус е непредвидлив. Будно ја следиме состојбата. Важно е дека и покрај тоа што има одредени бранови во некои земји, нема смртни случаи. Вакцината штити од тешка форма…

Read More

„После најмалку 20 години во земјава се прави ребаланс на Буџет, со кој што наспроти намалување на капиталните инвестиции, ние имаме зголемување за повеќе од 27 проценти“ кажа вицепремиерот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи во гостувањето на емисијата „Вин-вин“ на Телма ТВ. За обвинувањата на опозицијата дека ребалансот на буџетот е поради престојните избори, како обид за поткуп на гласачи Битиќи одговори дека како некоја влада која што сака да поткпуи гласачи зголемува капитални инвестиции за скоро 100 милиони евра. Вицепремиерот објасни дека ребалансот на Буџетот е поради последиците од четвртиот бран на пандемијата, кој остави последици во…

Read More

Со преработка на култната песна на Леб и сол, „Чукни во дрво“, компанијата „Алкалоид“ започнува кампања за поддршка на дечињата кои се лекуваат на Универзитетската клиника за Детски болести во Скопје. Песната, која прв пат беше испеана пред 32 години, овој пат ја препеаа децата од „Дајте музика“, Миха, Кики, Тео, Филип, Анастасија и Горјан. Тие денеска, во друштво на оригиналниот изведувач Влатко Стефановски, го промовираа видео записот снимен на 13 локации во главниот град. Преку кампањата „Чукни во дрво“, со секој преглед на видео спотот на дигиталните канали на „Алкалоид“, Јутјуб, Фејсбук и Инстаграм, компанијата ќе донира по еден…

Read More

Светската здравствена организација препорача, Европската агенција за лекови даде зелено светло, а македонските и српските здравствени власти летово ќе анализираат дали децата на возраст помеѓу 12 и 16 години треба да примат анти ковид вакцина? Од Здружението на педијатри на Република Северна Македонија велат дека приоритет во имунизацијата и натаму ќе имаат повозрасните граѓани, а потоа тинејџерите на возраст од 16 до 19 години бидејќи со појавата на британската мутација се покажало дека и оваа млада категорија на пациенти развиле слични симптоми како и повозрасните. Европската агенција за лекови (ЕМА) донесе одлука децата на возраст помеѓу 12 и 16 години…

Read More

Она што од ВМРО-ДПМНЕ го најавуваа како „масовни протести за одбрана на Македонија“, по се изгледа, доживеа крах. Единствено стотина членови и приврзаници на партијата се приклучија на повикот на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски за блокирање на главните крстосници во десет градови ширум земјава. -ВМРО-ДПМНЕ излегува на блокади во Скопје и 10 градови во Македонија. Заев да каже за што разговара! Излези за Македонија, апелираше Мицкоски на својот фејсбук профил, но очигледно гласните повици на социјалните мрежи не се преточија во масовност на улиците. Тој напиша и дека е на улица за да се крене гласот и да добие одговор…

Read More

Неизвесна е судбината на македонските евроинтеграции во пресрет на Самитот во Брисел закажан за 22 јуни. Власта се надева дека конечно земјава ќе добие зелено светло за одржување на првата Меѓувладина конференција. Но, аналитичарите со малку попесимистички прогнози. Велат, Бугарија нема толку лесно да се откаже од „победата“ на која се надева бугарската јавност. Политичката ситуација во Бугарија, техничката влада и претстојните избори во земјата не се оптимални за решение на македонско-бугарското прашање, вели за НОВА ТВ, директорката на  институтот за европска политика, Симонида Кацарска. „Во оваа фаза јас не би ги подигала очекувањата од јунскиот самит на ЕУ во…

Read More

Автор: Емил Димитриев Како и со многу други предизвици и решенија со кои сме се соочиле и се соочуваме, така и на планот на профилирање на политичките партии во Македонија, ја градиме нашата посебност. Периодот на плурална демократија зад нас детерминира сериозна дискусија, какви политички партии имаме од аспект на идеологија, внатрепартиска демократија, структура на членство и поддржувачи итн. Ако за почетоците на плурализмот беа разбирливи одредени импровизации дома, за разлика од искуството како функционираат политичките партии во Европа и светот. Денес просторот за толеранција на тие импровизации треба да се сведе на минимум, а најдобро е воопшто да го…

Read More

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет никогаш не биле и никогаш нема да дозволиме да бидат масата за преговори со било која страна, одговорија од Владата на наводите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека биле координирани тајни преговори во кои било понудено Декларацијата од бугарскиот Парламент да стане дел од преговарачката рамка со Европската унија. Оттаму велат дека со македонскиот идентитет не смее и нема да си игра ниту оваа, ниту било која друга Влада. „Овој наш став е јасно разбран и поддржан од пошироката меѓународна заедница како што впрочем е јавно соопштено и во ставовите на голем број европски…

Read More

Активната транспарентност на Владата во 2021 година изнесува 93,5, а заедно со министерствата и општините изнесува 63 проценти и е подобрена за пет процентни поени во однос на минатата година, покажува годишното рангирање на институциите според Индексот на активна транспаретност што го изработува Центарот за граѓански комуникации. Според рангирањето транспарентноста на Владата во споредба со минатата година е подобрена за 2,1 отсто. Министерствата и Владата просечно објавуваат 79 проценти од потребните информации што е минимално зголемување во однос на ланските 77 проценти, додека кај општините петта година по ред се забележува помала транспаретност од министерствата. Oпштините објавуваат 60 проценти од…

Read More

Министерството за здравство е меѓу првите 10 институции по индексот на активна транспарентност, според најновото рангирање на Центарот за граѓански комуникации. Споредбено со лани Министерството за здравство ја подобрило својата транспарентност за 6% и припаѓа во групата на институции со најголем напредок. Активната транспарентност на институциите според ова истражување опфаќа пет групи. Министерството за здравство влезе во првата група на институции со многу добра активна транспарентност односно со 87,5% транспарентност во давањето на информации. Под „активна транспарентност“ се подразбира објавување информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.…

Read More

Измените на Законот за државјанство заглавија во матичната Комисија за одбрана и безбедност. Пратениците од власта и опозицијата на денешната расправа не се договорија околу предлог текстот кој по скратена постапка е влезен во собраниска процедура. Расправата ја отворија пратениците од ВМРО – ДПМНЕ кои побараа јавна дебата и експертски мислења со цел да се добие подобро законско решение. Ставот на опозициската партија е дека решенијата не се доволно добри, па дури во некои делови се противуставни. Велат дека со предложените законски решенија се прават пропусти дури и во редовната постапка за добивање државјанство, што пак, според нив е неприфатливо…

Read More

Лобист, кој наводно бил поврзан со проектот за гасоводот „Северен тек 2“, донирал пари за кампањата на Џо Бајден, тогашен кандидат за претседател на Демократската партија, пред претседателските избори во САД во 2020 година, пишува „Њујорк Пост“. „Њујорк пост“ известува за информации од американската Федерална изборна комисија, кои покажуваат дека во октомври минатата година, поранешниот американски дипломат Ричард Барт издвоил 4.000 американски долари за изборниот штаб на Бајден, а покрај тоа, во март 2020 година испратил уште 10.000 долари на политички комитет што го поддржал кандидатот на демократите. Лобистот ги претставува интересите на компании партнери на руски „Газпром“. Според весникот,…

Read More