Author: Biljana

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги реагира во врска со изјавите на премиерот Зоран Заев во интервјуто за неделникот „Фокус“, поврзани со првата епизода „Заговор против воздухот“ од документарниот серијал „Редакција“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Агенцијата, како што се наведува во соопштението, потенцира дека носителите на јавни функции треба да се воздржат од јавно изнесување ставови со кои се изразува сомнеж во кредибилноста на истражувачките новинарски стории. „Истражувачкото новинарство е клучно во остварувањето на улогата на медиумите да ги откриваат и анализираат прашањата од јавен интерес и да служат како коректив на властите. Во овој контекст, новинарите не…

Read More

Независната угостителска комора со реакција до Владата во однос на одлуката за формирање на Комитет за туризам донесена на 11 мај. Прашуваат кој, со кого и на кој начин договарал формирање ваков Комитет без консултација со угостителите. „Бараме корекции на членот 6 од Одлуката за формирање Комитет на туризам со што, покрај наведените членови и заменици, да се наведат и членови на НУК, Стопанската комора на туризам, како и членови на македонските здруженија Охридски еснаф, Тиквешки угостители, Антигонеа, Клуб еснаф, ЗУТ Крушево, и Прилепски меанџии“, се вели во дописот од НУК. Според Комората, треба да се смени и името на…

Read More

По се погласните реакции во јавноста околу ефикасноста на кинеската вакцина „Синофарм“ се огласи и доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија која од стартот на пандемијата работеше како ковид тријажен центар. Тој на социјалната мрежа Фејсбук објави “десет факти за вакцината Синофарм“, посочувајќи дали и колку е таа ефикасна. „Синафaрм“ и „Синовак“ се единствените ‘прави’ вакцини во широка употреба, направени на стариот начин на кој се произведуваат стотина години наназад, со ‘умртвување’ на вирусот, кој потоа се вбризгува во организмот и го буди комплетниот имунолошки систем, пишува доктор Беќаровски. „Од 100 вакцинирани со вакцинава, ако сите дојдат во контакт…

Read More

Автор: Славјанка Петровска Реформа е често користен збор во политиката. Во говорите на преставниците на власта најчесто ќе го прочитате употребен во суперлатив кога се промовира некоја нова промена или преобразба на одредена сфера или област во општеството, додека пак во говорите на опозицијата најчесто ќе ја прочитате во контекст на изразување незадоволство затоа што промената која се случила била неуспешна или пак онаа која се најавува е осудена на неуспех. Но, надвор од вообичаените политички разногласија околу успешноста на определена реформа, она за што се согласуваат сите општествени чинители е потребата за реформирање. Во свет кој постојано се менува…

Read More

Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок донесе одлука за олеснување на рестриктивните мерки. Предлозите на Комисијата ќе бидат доставени до Кризниот штаб, а последниот збор дали ќе се прифатат ќе го има Владата. Комисијата ќе ги предложи следните олабавувања: Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски. Да се дозоволи организација на свадби и прослави на…

Read More

Веќе се преземени сите неопходни мерки за да функционира како безбедна туристичка дестинација и се развиваат насочени активности за привлекување на максимален број посетители. Главната економска грижа на Владата, во оваа фаза е зајакнување на туристичкиот бран кон нашата земја, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Пелони го оцени позитивно фактот што ЕУ го усвои и одобри грчкиот предлог за европски дигитален сертификат, кој „ќе го олесни движењето на европските граѓани“, додаде дека Грција е подготвена да го презентира сертификатот, а „целта е да го воведе порано…

Read More

Вчерашниот коментар на Пленковиќ дека изјавата на Милановиќ за бугарскиот конфликт со Северна Македонија предизвикал напади врз бугарски државјани во Хрватска, го испровоцира хрватскиот претседател

Read More

Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја додели наградата „Жан Моне“ и тоа во три категории, за најдобра новинарска сторија, за најдобра професионална фотографија и за најдобра аматерска фотографија. Новинарките Ивана Смилевска и Емилија Петреска од Радио МОФ ја освоија наградата во категоријата најдобра новинарска сторија во 2020 година за текстот со наслов „Од Вива ла Дива до победа во Стразбург – колку државата е отворена за транс права“ во кој се обработуваат предизвиците со кои се соочуваат трансродовите лица во Македонија. Наградата, пак, за професионална фотографија и припадна на Арбнора Мемети…

Read More

Здружението на новинарите на Македонија реагира на изјавите на премиерот Зоран Заев од последното интервју објавено во неделникот „Фокус“, а во врска со документарниот серијал „Редакција“ и првата епизода насловена како „Заговор против воздухот“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Реакцијата на Здружението се однесува на изјавата на премиерот кој во одговор на новинарско прашање вели дека „треба да се праша и втората страна.. ред е да го прашате ФЕНИ или некој друг што е споменат од корисниците на мазутот… не ги гледам двете страни во документарецот“. „Ваквиот јавен став и коментар од страна на Претседателот на Владата и Претседател на…

Read More

Пропусти во евиденцијата во струшката болница констатирала Комисијата за здравство што го испитуваше случајот со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, која по породувањето со царски рез, дома си заминала без матка, јајник и бубрег. Извештајот од стручниот надзор на Комисијата стигна денеска, а во него хронолошки е опишан целиот тек на лекувањето. „Пациентката на 27.08.2020 се јавила во ЈЗУ ОБ Струга на Одделението за гинекологија и акушерство каде и е извршен прием заради завршување на бременоста. Кај пациентката е направен царски рез и е добиен жив женски плод. Пациентката, ноќта се жали на болки во стомакот, повикан е анестезиолог, направена…

Read More

Македонија треба да отпочне безусловни преговори за влез во ЕУ уште во јуни бидејќи тоа не е нешто кое што го бара како милостина, туку таа тоа го заслужува, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Прилеп. „Македонија е една од земјите која што направила најголем број отстапки и доживеала незаслужени понижувања во однос на националниот идентитет и токму поради тоа Европската унија треба да има в предвид дека нашата држава заслужува членство во ЕУ ден поскоро“, рече Мицкоски. Доколку Владата во изминатите неколку години работеше на вистински реформи во врска со правосудството, здравството, образованието, економијата, тогаш би имала уште…

Read More

53 нови случаи на Ковид – 19 од направени 2.691 тестирања се регистрирани во псоледните 24 часа. Најмногу новозаразени има во Скопје – 29, Прилеп – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар, Охрид и Кичево – по 2,Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово – по 1. Пријавени се вкупно 13 починати пациенти: 5 од Скопје, три од Струмица, двајца пациенти од Битола и по еден од Тетово, Гостивар и Струга . Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови. Регистрирани се 111 оздравени пациенти.

Read More