Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Бугарскиот претседател Румен Радев не прифаќа европски историчари да се вклучат во работата на Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања, јавуваат БГНЕС. „Немаме потреба од посредници. Никој не ја познава нашата историја подобро од нас самите“, изјавил Радев за бугарските новинари во Рим на прашањето за предлогот европски историчари да се вклучат во заедничката комисија. Ова, како што изјавил Радев, многу пати му го кажал на претседателот Стево Пендаровски. „Од нас зависи. Од еден отворен и конструктивен дијалог со Софија, базиран на историски аргументи. Комисијата ќе сработи за историјата, но најважно е ние, на високо политичко ниво да ги направиме…
Малески е дециден, дека и покрај искрената воља на претседателот на Бугарија, Румен Радев да ги придвижи преговорите, тој не може да направи многу
Дрес на македонската фудбалска репрезентација му подари претседателот Стево Пендаровски на папата Франциск при денешната официјална посета на Ватикан. „Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното Европско првенство. Нека донесе среќа, нови успеси и победи“, напиша претседателот Пендаровски на „Фејсбук“. Во рамки на посетата на Ватикан, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил”, претседателот и неговата сопруга попладнево беа на аудиенција кај папата Франциск. „Добивме поддршка и благослов да продолжиме посветено да работиме за мир, среќа…
Две куќи за групно домување денеска беа пуштени во употреба во Демир Капија како дел од процесот на деинституционализација. Во нив ќе бидат сместени девет досегашни станари Специјалниот завод – Демир Капија. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на отворањето на станбените единици, потенцираше дека негувателите и стручните лица кои ќе работат со корисниците ќе можат да применат индивидуален пристап, да изградат однос со секој од нив, да ги разберат нивните потреби, но и да ги идентификуваат и зајакнат јаките страни и потенцијалите на корисниците. „Со процесот на деинституционализација овозможивме да нема ниту едно дете под 18 години,сместено…
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека 45,3 проценти од возрасната популација во Србија досега е вакцинирана против Ковид-19, но таа цифра не е доволна за колективен имунитет. Таа ги повика младите што побрзо да се вакцинираат. „Со приемот на контингентот кинески вакцини, што пристигна утрово на аеродромот ‘Никола Тесла’, пристигнаа сите вакцини договорени со Синофарм – четири милиони, во согласност со договорот“, изјави Брнабиќ која даодаде дека кинеските партнери направиле многу повеќе од договореното. „Во моментов имаме дополнителни вакцини во Србија, сега со овој контингент од 250.000, за приближно уште 500.000-600.000 луѓе. Значи, во овој момент, за да не примиме…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со министерот за Европа на СР Германија, Михаил Рот. На средбата присуствуваа и потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајлоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски. На средбата, како што информираат од партијата, претседателот Мицкоски го запозна господинот Рот со политичката ситуација во земјата, но и недемократскиот однос на власта. Претседателот Мицкоски се заблагодари за поддршката која ја добиваме од Германија во евроинтеграциските процеси, при што нагласи дека ваквата соработка треба да се развива уште повеќе во иднина. Во однос на претстојниот самит на ЕУ, Мицкоски кажа дека Македонија заслужува да добие датум…
Премиерот Зоран Заев денеска ја прими втората доза на вакцината „Синофарм“ на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“, согласно националниот план за имунизација на населението. 11.104 граѓани биле вакцинирани против Ковид 19 во текот на вчерашниот ден. Според податоците од „Мој Термин“ прва доза вакцина вчера примиле 3.278 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 227.963 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 54.600 граѓани. Со последните бројки 46 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 40 % од населението над 65 години е…
„Соништата на Северна Македонија дека Европската унија ќе ја принуди Бугарија да ги пушти своите соседи во ЕУ нема да се остварат“, изјави за Бугарското национално радио , Кирил Топалов, член на заедничката бугарско-македонска комисија за образовни прашања. „На Европската унија и е јасно дека таа земја не направи ниту еден чекор напред во однос на реформите од тој тоталитарно-комунистички модел на управување, што ја формираше Северна Македонија во поранешна Југославија. Таа е една од најмалку реформираните републики на поранешна Југославија“, рече експертот. Доколку Европската унија изврши притисок врз Бугарија по ова прашање, тоа ќе биде погубно за стабилноста на…
Најмалку пет луѓе загинале, а илјадници останале без своите домови откако циклонот „Јас“ го погоди источниот брег на Индија. Циклонот бил пропратен со високи бранови и ветер со брзина од 155 километри на час. Индиските власти наредија евакуација на околу половина милион луѓе пред налетот на циклонот „Јас“ во Бенгалски Залив, во индиските држави Источен Бенгал и Одиша. Најмалку 155 луѓе загинаа минатата недела во налет на циклонот Тауктае во западниот дел на Индија.
„Скопјани очајно имаат потреба за поинакви градски политики, но градските власти сметаат дека знаат повеќе од обичните граѓани. Наместо да го спроведат тоа за што заедницата се изјаснила дека и е потребно, тие како и секогаш наоѓаат бирократски изговори за нивната пасивност“. Со ваква реакција Коалицијата „Зелен хуман град“ го искажа своето нездоволство од, како што велат, игнорансткиот однос на градските власти, кои одбиле еко предлозите на платформата „МојГрад“ да ги стават на дневен ред на седница на Советот на Град Скопје. “Образложението е дека на тие предлози “веќе се работи”, иако не се на повидок субвенции за стерилизација на…
„Договорите се обврска на двете страни кои ги потпишуваат. Наше гајле е ние да го спроведуваме она што е наша обврска. Поуспешни сме од било кои други договори што се постигнати во модерна Европа“, рече претседателот на Владата, Зоран Заев во интервју за „Фокус. „Еве да земеме, на некои историските комисии им требало и по 20 години да дојдат до решение. А, ние во првите две години успеавме да се договориме за пет историски ликови и три историски периоди и ги славиме заедно. Историјата билатерално да се решава и за неа да разговараат експерти и историчари, иако историјата е динамична…
Три приватни лаборатории во време на пандемија ги дуплирале приходите, објави финансискиот веб магазин „Пари“. „Ако вкупните приходи на сите три компании во 2018 година изнесувале 4,2 милиони евра, а во 2019 таквата сума се искачила на ниво од 4.6 милиони евра, за во 2020 година да се генерираат вкупни приходи од 9,8 милиони евра“, пишува во анализата на „Пари“. Податоците се однесуваат само на трите приватни лаборатории: „Авицена“, „Биотек“ и „Синлаб“. Поединечно, најголем успех минатата година евидентиран е кај компанијата „Авицена“, која успеала да оствари најголем приход во конкуренцијата. Порастот во апсолутна бројка изнесува 2,3 милиони евра, споредено со…