Author: Biljana

Предлог законот за легализација на бесправно изградените објекти ќе ги опфати само објектите на социјално загрозените категории, дознава НОВА ТВ. Предлог законот предизвика бурни реакции во јавноста, претседателот на државата Стево Пендаровски одби да го потпише и законот сега повторно ќе треба да се најде пред пратениците. НОВА ТВ од свои извори дознава дека овој Закон пред да стигне на пленарна седница за гласање ќе претрпи измени така што крајното законско решение ќе ги опфати само дивоизградените објекти на граѓаните во социјален ризик. ДКСК вчера организираше онлајн јавна дебата за уредување на правниот статус на бесправно изградените објекти. На дебатата…

Read More

Договорот од Преспа генерално кажува дека Република Северна Македонија нема никаква поврзаност со античка Грција и тука разговорот завршува, се поставува точка, но со Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година се поставува запирка и можеби од таму доаѓа поголемото, покомплексното прашање, рече во гостување на ТВ21, европратеникот и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук, додавајќи дека ќе биде потребно време да се реши проблемот меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека ќе треба „подобро да се запознаеме”. „Договорот од 2017 година поставувајќи ја темата за заедничка историја кажува и уште нешто дека тоа прашање не може…

Read More

Автор: Емил Димитриев За релативно краток период во Македонија на општествен план се случија многу турбулентни процеси, се одиграа многу драми, со различен жарн, од комедии до трагедии. Една состојба како константа се провлекува секогаш, а тоа е најавата дека следуваат „револуционерни“ промени. Сметам дека таквата состојба е изнасилена, неиздржана  во периоди и крајно лукративна. Единствена покрупна работа која и се случила на нашата земја во годините на независноста, а која е близу до некоја голема и суштинска промена, да не кажам револуционерна, е прогласувањето на независноста. Иако и таа од формален и од суштински аспект беше очекувана. Покрај ова,…

Read More

Куќата во која во 1990-тите живееле Курт Кобејн и Кортни Лав, се продава за 998.000 долари. Двокатното здание се наоѓа во Холивуд и не е реновирано откако ја користел овој славен пар, пишува „Пипл“. Зградата е изградена 1921 година и содржи три бањи и три големи спални соби. Поради големите прозорци секогаш има доволно светлина во куќата. Во соседството пак, има бројни други познати личности, како Дејвид Коперфилд, Тим Бартон и Тимоти Хатон. Кобејн и Лав се преселија во куќата во 1992. и тука се роди нивната ќерка Френсис Бин. Судејќи според документарецот „Тежок удар“ („Hit So Hard“, 2011), Кобејн…

Read More

Актуелниот претседател на Сирија, Башар ал Асад е на чекор да го добие четвртиот мандат, покажуваат анкетите во земјата. Во Сирија денеска се одржуваат претседателски избори, втори од почетокот на војната. Слоганот на неговата кампања „Со работа до надеж”, повикува на реконструкција на земјата уништена од десетгодишен конфликт, во кој загинаа над 388.000 луѓе, а раселени се речиси половина од предвоеното население во Сирија. Поради строгите критериуми за претседателски кандидати, само двајца противници ќе бидат на изборнита листа со Асад – Махмуд Ахмед Мареи, опозициски политичар од Дамаск и лидерот на левичарската партија Абдалах Салем Абдалах, кој беше министер во…

Read More

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе заминат за Рим каде ќе се одржи одбележување на Светите браќа Кирил и Методиј. Радев со неговата делегација најпрво ќе пристигне на скопскиот аеродром, на куса неформална средба со Пендаровски и потоа двете делегации, заедно со медиумските екипи со бугарскиот државен авион ќе се упатат за Рим. Претседателот Пендаровски денеска попладне во Рим ќе оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела, по што ќе даде изјава за медиуми. Во рамки на посетата за денеска е планирано и потпишување на Договор за соработка меѓу Медиумската информативна агенција…

Read More

Ерменскиот претседател, Армен Саркисјан ги повика државните органи да преземат мерки против обидот на Азербејџан да го наруши територијалниот интегритет на Ерменија. „Азербејџанските сили отворија оган кон позициите каде се наоѓаат ерменските воени сили на границата во провинцијата Гегаркуних. Имаше жртви од ерменска страна. Апелирам до соодветните државни структури да вложат максимални напори и да преземат силни мерки против ваквите обиди и прекршувања на законите на границата, како што се заканите и територијалниот интегритет на Ерменија“, рече Саркисјан, пренесен од  Тасс. Официјален Баку претходно одговори дека тие не пукале врз ерменската армија и дека немаат никаква врска со смртта на…

Read More

Владата ќе го раскине договорот со фирмата „Инвока гроуп“, ДООЕЛ Скопје, склучен на 11 август 2020 година за за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции.  Одлуката била донесена на денешната 72 владина седница. Владата го задолжила Генералниот секретаријат, согласно Законот за јавни набавки, да побара од Бирото за јавни набавки согласност за спроведување на постапка со преговарање без јавен оглас и да склучи договор со оператор со времетраење до завршување на редовната постапка за јавна набавка и склучување на нов договор за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на…

Read More

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски остварил работна средба со шефот на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која, на која размениле информации во однос на моменталната политичка ситуација во земјата, здравствената и економската криза. „Потенцирав дека власта не се справи добро со пандемијата, набавката на вакцини доцнеше скоро половина година, а како резултат на тоа се загубија околу 6.000 човечки животи, кои за жал згаснаа како последица на корона вирусот. Додадов дека СДСМ и Зоран Заев од земјата направија заробена држава во која владеат криминалот и корупцијата, а главни иницијатори се високите функционери од власта кои врз грбот на граѓаните ги…

Read More

Струшкото основното јавно обвинителство денеска достави обвинение против 54-годишниот гинеколог Мухамед Асани од Струга за сторено кривичното дело – давање здравствени услуги без дозвола за работа од член 304 – а од Законот за здравствена заштита. „Како здравствен работник – доктор специјалист по гинекологија и акушерство, обвинетиот давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа. Имено, тој во просторија во неговата семејна куќа во која живее, подготвил ординација која не била регистрирана и означена. Здраствените услуги обвинетиот ги давал од 2013 до 2020 година со тоа што ги водел контролите на бременоста на повеќе пациентки. За извршените…

Read More

Голем пожар избувнал доцна попладнево во близина на Т.Ц. Чаирчанка. Според информациите од МВР во пожарот зафатени се четири објекти, но нема повредени лица. Пожарот избувнал во 17 часот и зафатил два дуќани, сервис за велосипеди и мотори, една станбена зграда и чајџилница. На лице место интервенирале 8 возила на Противпожарната служба. Оттаму велат дека пожарот бил локализиран, а причинета била само материјална штета. Од скопската противпожарна служба информираат дека пожарот веројатно избувнал во една од работилниците. Од МВР информираат дека истрагата ќе треба да утврди која била причината за пожарот. Фото: Независен

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на работна посета на Полска се сретна со својот домаќин, шефот на полската дипломатија Збигњев Рау. Посетата се случува во пресрет на јунскиот самит, во контекст на засилениот ангажман за официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ, како стратешка цел на земјата и императив за целиот регион. „Продолжуваме да работиме со уште позасилено темпо на реформската агенда, ставајќи посебен акцент на реализацијата на акцискиот план за мулти-секторска соработка и надминување на постоечките разлики со нашите пријатели од Бугарија. Во овој контекст, искажувам благодарност традиционален повеќедецениски пристап и поддршка од Република Полска, како…

Read More