Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
318 пациенти позитивни или суспектни на Ковид 19 се лекуваат во ковид центрите ширум земјава. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 5 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 137 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Според извештаите на Министерството за здравство во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 17 болни, а во Куманово 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во…
Различни нон пејпери за решавање на косовскиот проблем ме плашат бидејќи не зараснаа сите рани на Балканот. Кога ЕУ закочи со сите нас, штом ќе го забави нашиот процес на интеграција, не мислам само на Северна Македонија, туку и на Србија, Црна Гора, па дури и на БиХ и Албанија, се појавуваат некои нон пејпери, други, радикални идеи. И тие други идеи можат да завршат само со војни, на кој било друг начин“, вели во интервјуто за белградски Курир премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашањето за нон-пејперите, со кои се цртаат нови граници на Балканот, јави дописникот на МИА од…
Најновото истражување на Здравствениот институт на Англија покажа дека вакцините на компаниите Фајзер и Астра Зенека се ефикасни во заштитата на луѓето од индиската мутација на коронавирусот. Анализата спроведена меѓу 5 април и 16 мај покажа дека вакцините на Фајзер се 88 проценти ефикасни во случај на индискиот вид коронавирус две недели по земањето на втората доза. Од друга страна, против британскиот вид коронавирус, вакцините на Фајзер покажаа ефикасност од 93 проценти. Научниците ја испитале и ефикасноста на вакцината на Астра Зенека врз индискиот вид коронавирус. Според студијата, Астра Зенека покажала ефикасност од 60 проценти кога станува збор за индискиот…
15 починати и 37 нови случаи на Ковид -19 бележи последната статистика на Министерството за здравство. Битката со корона вирусот ја изгубиле тројца пациенти од Битола, двајца од Скопје, Куманово, Тетово и Прилеп и по еден од Струга, Гостивар, Велес и Штип, сите на возраст помеѓу 58 и 83 години. Од пријавените, 3 лица починале во домашни, а останатите во болнички услови. Во последните 24 часа направени биле 3.143 тестирања. ИЈЗ регистрирал и 69 оздравени пациенти. Според епидемиолошки анализи најголем број активни случаи има во Скопје, 1149, 272 во Куманово, 125 во Прилеп, 108 во Тетово. Во ковид центрите во…
Македонските граѓани во Грција може да влезат и со тест за антитела. Ова се новите измени кои ги воведоа грчките власти, а ќе важат до 31 мај. Документот мора да биде преведен на англиски, германски, француски или италијански јазик. Влезот кај јужниот сосед и натаму е дозволен со приложување на негативниот ПЦР тест, или примени две дози вакцини, но само ако од втората доза се поминати 14 дена. Ова важи и за патниците кои со авион ќе заминат на одмор на грчките острови. Сите патници кои ќе патуваат во Грција задолжително мора да пополнат формулар (Passenger Location Form), и тоа…
„Мојата порака до народот во Северна Македонија е дека веќе имаме партнерски однос, веќе сме народи-пријатели и нашата соработка треба да се обидуваме, колку што можеме да ја продлабочуваме и сите пречки во оваа насока треба да ги отстрануваме“, вели поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега пратеникот од СИРИЗА надлежен за надворешна политика Јоргос Катругалос во интервју за МИА. За односите Скопје – Софија и бугарското вето изразува надеж дека „лидерите во Бугарија ќе ја покажат истата смелост и храброст што ја покажаа лидерите на Грција и Северна Македонија за справување со нивните проблеми“ и потсетува на изреката што…
Се соочи со многу предизвици и притисоци во менаџирање со ковид панедмијата, набавката на вакцини и процесот на имунизација. Стратегијата за вакцинација покажа дека совршено го организираше процесот, сега е пред нов политички предизвик. Што може да понуди Филипче како потпретседател на СДСМ, кои се неговите заложби за партијата, што треба да смени СДСМ како владеачка партија, ова е негово прво политичко интервју. РН: Ве изненади ли одлуката на премиерот Зоран Заев да бидете негов предлог за потпретседател на СДСМ, бидејќи и покрај блискоста што ја имате ваш став беше дека не зборувате на таа тема? Венко Филипче: Како што…
Претседателот Стево Пендаровски, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија. -Дозволете да ви го честитам 23 Mај, Националниот ден на Власите и да ви посакам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, исполнет со радост и со среќа. Токму на овој ден, пред 116 години, Власите првпат во тогашното Отоманско Царство беа признати како народ и добија можност за образование и за богослужба на својот мајчин јазик. Негувањето на етничкиот, јазичниот и културниот идентитет е континуиран процес кој никогаш не завршува. Се гордееме што карактеристиките,…
Најмалку 21 лице го загуби животот од последици од ненадејно, екстремно студено време, за време на ултрамаратон што се одржа во кинеската провинција Гансу, јавија денеска државните медиуми на земјата. Трката почнала вчера наутро од туристичкиот центар на брегот на Жолтата река, а за време на патеката долга 100 километри, натпреварувачите мораа да поминат низ длабоките кањони и преку ридови до платото, на надморска височина поголема од 1.000 метри. Во текот на попладневните часови, кога тркачите стигнале до планинската делница од трасата, дошло до ненадејна појава на град, леден дожд и силен ветер, што довело до ненадеен и голем пад…
Околу 100-тина мотоциклисти облечени во свечена и елегантна облека попладнево со мотоцикли ќе парадираат низ улиците на Скопје како дел од манифестацијата „Gentleman’s Ride“ Скопје. Настанот во С.Македонија се одржува по шестти пат, а ќе се вози на отворено под строги протоколи поради корона пандемијата. „Gentleman’s Ride“ Скопје има хуманитарен карактер. Целта на настанот е подигнување на свеста за машкото здравје, но и да им се помогне на пациентите кои се борат со рак на простата. Мотоциклистите, дел од нив придружени и со претставнички на понежниот пол, ќе возат околу 15 километри, од Аердором преку центарот на градот, до населбата…
59-годишен државјанин на Русија бил приведен во полициска станица откако нападнал полициски службеник во центарот на Скопје. Настанот се случил вчеравечер половина час пред полноќ, во познат локал во Дебар Маало. При обид да биде легитимиран од страна на припадник на МВР, тој физички го нападнал полицискиот службеник. Како што дознава НОВА, лицето со иницијали Н.П.К се води како административно технички персонал во Руската федерација. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Пред четири дена руски дипломат беше прогласен за персона нон грата во Северна Македонија и доби рок од една недела за да ја напушти…
Епидемијата на Ковид-19 во Индија се стабилизира во некои делови на земјата, соопштија денеска локалните власти, но бројот починати денеска се зголеми за 4.194, а заразата продолжува да се шири во руралните области каде што јавните здравствени служби се преоптоварени. Индија на почетокот на мај пријавуваше повеќе од 400.000 заразени на ден, денеска пак се евидентирани 257.299 нови случаи. Бројот на активни случаи во последните две недели падна во најбогатата држава Махараштра, потоа во Карнатака, Бенгалуру, како и во крајбрежната држава Керала, но се зголемува дневниот број на заразени во Западен Бенгал, Андра Прадеш и Тамил Наду. Со преполни болници,…