Author: Biljana

Генерален штрајк или радикални протести најавуваат Синдикалните организации по неуспешните преговори со Владата за усогласување на платите во јавниот сектор. Од Конфедерацијата на слободни синдикати, велат оти членовите се  разочарани, манипулирани и потценети од страна на власта. „Испративме допис до Владата не добивме одговор. Вчера бевме во Министерството за информатичко општество. Наместо министерот не прими државниот секретар и неговите советници. Ни рекоа кажете кои се вашите барања, ние не можеме да одлучуваме. Ете тоа е односот на Владата со синдикатите. Од час и половина состанок, ние еден час и петнаесет минути слушаме за кризите кои се случуваат во државата“, рече…

Read More

Возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити мол“ призна вина во судот.  Јордан Ѓорѓиев, возачот кој во јануари оваа година ја прегази 24-годишната Викторија од Радовиш на раскрсницата кај Сити Мол, призна вина за сообраќајната несреќа на денешното рочиште. Тој пред судијката Љубинка Бошевска рече дека „многу се кае за стореното дело“. „Се чувствувам виновен и многу се каам за стореното дело. Признанието го давам свесно, без никакви уцени и свесен сум за последиците од истото”, рече Ѓорѓиев. Неговиот адвокат Душко Јанковиќ предложи да не се изведуваат докази за сообраќајката, туку само оние докази кои се важни за определување на…

Read More

Наместо ден за празнување, 7 април Денот на здравството за матичните лекари ќе биде ден за протест. Од Здружението на приватни лекари ги повикаа сите колеги, докторите и медицинските сестри од примарните здравствени установи, утре во 12 часот да го изразат своето незадоволство на мирен протест пред Министерството за здравство. „Овој е трет протест и го правиме за сите нас. За да има доктори и медицински сестри во секое населено место. За да останат и младите во државата, а возрасните доктори да можат да работат достоинствено до пензија. Милион закони се сменија, огромен број на министри се сменија, но само…

Read More

Зголемени водостоите на македонските езера.  За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското, а за еден на Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, и покрај тоа, водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните за април и тоа за 10 сантиметри кај Охридското, односно за 1,83 метри кај Преспанското Езеро со што сега е на пет сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е за 2,76 метри повисоко од повеќегодишниот просек…

Read More

Новите инвеститори во Центар ќе мора за станарите да обезбедат и паркинг места за велосипеди. Одлуката е донесена на денешната седница на Советот на Општина Центар. Со неа се задолжуваат инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност истите да се постават. Исто така, Општина Центар овозможува поставување на паркинзи за велосипеди и кај сите постојни станбени, деловни и други јавни објекти кои имаат простор за нивно поставување. „Уредувањето и обезбедувањето на овие паркинзи за велосипеди во рамки на една градежна парцела треба да е правопропорционално на бројот на…

Read More

Пациентите со дијабет повторно на иста мака. И овој месец во инсулинските аптеки не ја добиле комплетната терапија, односно наместо по две кутии со ленти за мерење на шеќерот во крвта, некои добиле половина, а други ниту едно. За проблемот алармираа до нашата редакција. „За проблемот со лентите за мерење на шеќер, за кој објавивте минатиот месец, би сакал да ве информирам дека повторно се соочуваме со истиот проблем. Ќе ви доставам и доказ“, ни пиша пациент со дијабет. Потврда добивме и од друга пациентка која исто така се пожали дека веќе три месеци нема добиено ленти за гликемија. Од…

Read More

Наместо на работа, синдикалците на улица. Незадоволни од преговорите со Владата за скалесто или линеарно покачување на платите на вработените во јавната администрација, најавуваат генерални штрајкови во повеќе дејности, кои ќе почнат од четврток и ќе траат се до исполнување на нивните барања. Учениците од понеделник ќе останат дома, а децата наместо во градинка на чување кај баба и дедо. Ова сценарио станува се поизвесно, откако Синдикатот за образование, наука и култура не постигна договор со Владата за усогласување на платите на вработените во образованието. Од СОНК се разочарани по вчерашниот неуспех на преговорите и алармираат дека штрајкот во училиштата…

Read More

„Јас сум единствениот претседател во Србија кој победил два пати и тоа во првиот круг“, рече Александар Вучиќ во емотивен говор само неколку часа по завршување на изборите во Србија. Тој вели дека на тројните избори во Србија, редовни претседателски и вонредни парламентарни и локални, гласале рекорден број на избирачи – 3.840.000. „Ние имаме покомплетен увид во резултатите, ги имаме резултатите од дијаспората и резултатите од гласачите на Косово и Метохија. Можам да кажам дека се помина во најдобар ред и мир. Задоволен сум што гласачите излегоа во толку голем број“, рече Вучиќ и додаде дека на претседателските избори добил…

Read More

Во пресрет на Денот на НАТО зградата на Министерството за надворешни работи е осветлена во боите на Алијансата. „Во пресрет на Денот на НАТО, ја осветливме зградата на МНР заедно со други владини институциите во боите на Алијансата, со цел одбележување на 73 годишнината од формирањето на НАТО“, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи на Фејсбук. Османи во објавата нагласува дека заедно со останатите 29 сојузници стоиме обединети и одлучни во определбата за зачувување на европската и трансатлантска безбедност, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици „Како кредибилен НАТО сојузник остануваме посветени во креирањето значајни одлуки и заложбите за одбрана…

Read More

Актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ и неговата Српска напредна партија се апсолутни победници на претседателските и предвремените парламентарни избори во Србија, пренесуваат медиумите во Србија. Според првичните неофицијални резултати кои ги соопшти Републичката изборна комисија, по обработени близу 10 отсто од гласачките ливчиња, Вучиќ има освоено над 69,7 отсто од гласовите, а неговиот најзериозен против кандидат, порашениот генерал Здравко Понош 10,13 отсто. Српската напредна партија предводена од Александар Вучиќ, според досега обработените гласачки ливчиња освоила 52,49 отсто од гласовите, а СПС на Ивица Дачиќ, 13,58 проценти. Според податоците кои стигнуваат од Цесид и Ипсос, по обработени 62,5 отсто од…

Read More

Западните земји ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје. Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека западните земји наредните денови ќе се договорат да воведат повеќе санкции кон Русија, откако Украина ги обвини руските војници за воени злосторства во близина на Киев, јави ДПА. „Во следните неколку дена ќе договориме понатамошни мерки од страна на сојузниците“, изјави Шолц, без да даде детали што би можеле да вклучуваат новите санкции. Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин и неговите поддржувачи ќе претрпат последици за своите постапки. „А ние ќе продолжиме да ја снабдуваме Украина со оружје за да може да се…

Read More