Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациенти со дијабет повторно останаа без ленти за гликемија

0
By Biljana on April 5, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 5, 2022 14:33

Пациентите со дијабет повторно на иста мака.

И овој месец во инсулинските аптеки не ја добиле комплетната терапија, односно наместо по две кутии со ленти за мерење на шеќерот во крвта, некои добиле половина, а други ниту едно. За проблемот алармираа до нашата редакција.

„За проблемот со лентите за мерење на шеќер, за кој објавивте минатиот месец, би сакал да ве информирам дека повторно се соочуваме со истиот проблем. Ќе ви доставам и доказ“, ни пиша пациент со дијабет.

Потврда добивме и од друга пациентка која исто така се пожали дека веќе три месеци нема добиено ленти за гликемија.

Од Министерството за здравство, во одговор за НоваТВ, велат дека во моментов сите инсулински аптеки се снабдени со ленти за мерење на шеќер во крвта.

„Дел од пациентите поради мал технички застој во снабдувањето добиле по една кутија ленти, но застојот е веќе надминат и пациентите можат во инсулинските аптеки да ги добијат и останатите количини на ленти“, велат во одговор на нашето прашање од Министерството за здравство.

Оттаму, сепак не појаснија зошто дијабетичарите во последно време континуирано се соочуваат со истиот проблем?

По реакции од пациенти, НоваТВ и пред еден месец алармираше за проблемот со недостиг на ленти за мерење на шеќер во крвта. Истиот ден дистрибутерот достави до инсулинските амбуланти 2000 кутии со ленти, а Министерството за здравство уверуваше дека проблемот е надминат.

Од Сојузот на здруженија на дијабетичари денеска доставија барање за референтни цени до Министерството за здравство и до Фондот за здравствено осигурување по примерот на соседните земји, каде пациентите со потврда за помагало, можат да си купат ленти по сопствен избор во најблиската аптека.

„Целта на ова барање е воспоставување нов модел на набавка и достапност до квалитетни глукомери и ленти за мерење на гликемија за секој пациент со Дијабетес тип 1 и тип 2 што примаат инсулин по т.н. референтна цена. Ние бараме, да се надминат и решат сите недостатоци, непознаници, а воедно истите да бидат во секое време достапни до секој пациент во најблиската аптека, по референтна цена и дополнително ленти и апарати по избор на секој пациент. И да им се овозможи на пациентите со дијабетес во Северна Македонија, да имаат избор на квалитетни апарати и ленти за мерење шеќер“, информира претседателот на Сојузот, Диме Велев и додава дека барањето во форма на копија по електронски пат било испратено и до кабинетот на Претседателот на Владата.

Инаку, една месечна терапија за набавка на ленти на приватно секој пациент го чини во просек околу 800 денари. Цените се движат помеѓу 600 и 1200 денари во зависност од производителот.

(Б.Божиновска)

дијабет ленти за мерење на шеќер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.