Author: Biljana

Децата до 8 одделение да не носат заштитни маски на училиште.  Ваква одлука донеле членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот редовен состанок, дознава НоваТВ од извори во Комисијата. Оттаму ни рекоа дека сепак се работи за препорака, а конечната одлука, како и претходно ќе треба да ја донесе Главниот кризен штаб и Владата. Од Комисијата велат дека будно ќе ја следат епидемиолошката состојба во земјава. (Б.Б.)

Read More

Регистрирана е 51 реинфекција. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 2.605 тестови, а регистрирани се 312 нови случаи на Ковид-19. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Радовиш (77г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (3) и Крива Паланка (1). Починатите се пријавени во период од 19.02. до 09.03.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 66г до 88г. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и две во…

Read More

Бесплатни очни прегледи за дечињата од градинките во Центар. 522 дечиња од најголемите групи во три градинки во Општина Центар ќе добијат бесплатни офталмолошки преглед, информираа од локалната самоуправа. Прегледите се прават во градинките од страна на стручни медицински тимови. „Со овие бесплатни прегледи дечињата добиваат ран скрининг и детекција на оштетување на видот кој значително може да го помогне третманот доколку е потребен. Покрај прегледите на очињата нашите идни првачиња ќе добијат и потврди за упис во основните училишта“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Бесплатните офталмолошки прегледи се прават во соработка со болницата Санте Плус. Започнаа вчера…

Read More

Кутии со храна, облека и лекови – ваква помош македонските граѓани најчесто донираат за помош на украинското население. Претпладнево го посетивме новоотворениот пункт на плоштадот Македонија, бел шатор со написи „Хуманитарна помош за Украина“ каде разговаравме со двајца претставници од Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лејса Украинка“. Во меѓувреме, случајни минувачи застануваа да прашаат што е потребно за помош на украинското население. Од Здружението се заблагодарија на хуманоста на граѓаните и ги повикаа да донираат кој колку може. „Да им помогнеме на нашите браќа во Украина. Милиони Украинци останаа заглавени во воениот конфликт, засолнети во скривници, во метро…

Read More

Во ГОБ 8 Септември, за само една година биле извршени 36.000 прегледи на ковид позитивни или суспектни пациенти. Министерот за здравство Беким сали ја посети Градската општа болница „8 Септември“ каде веќе две години, од почетокот на корона пандемијата, се лекуваат пациенти со ковид. „Од оваа перспектива, може да се каже дека ГОБ „8 Септември“ изминатиот период се соочи со исклучително голем предизвик на кој успешно одговори и со полн капацитет, имајќи предвид дека установата е комплетно опремена и подготвена за вршење целосен дијагностички и терапевтски третман, со најсовремена медицинска опрема и обучен стручен кадар. Во континуитет се зајакнува капацитетот…

Read More

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени биле 1176 тестови, а регистрирани се 92 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 13 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани биле 3 починати лица: две починати лица од Скопје (73г и 80г) и едно починато лице од Тетово (61г). Пријавените починале во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително било пријавено едно починато лице од Гостивар (64г), пријавен на 31.01.2022 година. Кај сите биле регистрирани коморбидитети. Регистрирани сe 363 оздравени пациенти. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот…

Read More

Експресно е решен проблемот со недостиг на ленти за дијабетичарите. Информацијата за НоваТВ ја потврди претседателот на Сојузот на дијабетичари, Диме Велев. Тој вели дека лично се уверил оти дистрибутерот попладнево испорачал  2000 кутии со ленти до инсулинските амбуланти низ земјава. За проблемот со недостиг на ленти за инсулин до нашата редакција се пожалија пациенти со дијабетес, кои ни рекоа дека подолг период не можеле да добијат ленти заедно со терапијата. Од Министерството за здравство пак во одговор на нашето прашање признаа дека имало застој во дитрибуцијата на ленти до инсулинските амбуланти. „Пациентите со дијабет навремено ја добиваат потребната терапија…

Read More

Се уште нема услови за олеснување на ковид мерките, дециден е министерот за здравство, Беким Сали.  „Состојбата не е толку позитивна за да можеме да кажеме од денес сме слободни, на една страна се желбите, а на друга реалните бројки кои секојдневно ги добиваме. Ја следиме состојбата не само во државата туку и во регионот. Имаме четири држави кои што ни се репер како први држави кои што ослободија мерки и денес таму забележуваме состојба на бумеранг, враќање на состојба како што беше порано. И ние тука не би сакале да се вратиме на тоа како што било порано“, рече…

Read More

Започна потпишување на колективните договори за скалесто покачување на платата. Колективните договори за модните компании „Мода“ и „Камотекс“ од Свети Николе беа потпишани во петокот, од страна на претседателот на Синдикатот за текстил, кожа и чевли (СТКЧ) при Сојузот на синдикатите на Македонија, Љупчо Радовски и директорот на фирмите, Ангел Димитров, кој воедно е дел од Организацијата на работодавачи на Македонија. Информацијата на споделија од ССМ. „Ваквите колективни договори ќе продолжат да се потпишуваат и во другите работни организации каде што работниците се членови на Синдикатот за текстил, кожа и чевли. Со носење на законот за минимална плата и ставот…

Read More

Аларм од пациентите со дијабетес – корисниците на инсулинска терапија повторно останаа без неопходните ленти за мерење на шеќерот во крвта. Проблемот го споделија со јавноста преку социјалните мрежи. „Во Кичево веќе четири месеци нема ленти за Тип 1. Се работи за здравје, не смее ни еден ден да не остават без ленти, а не пак со месеци“, пишува пациент од западниот дел на земјава. „Замислете, за цел Аеродром, во поликлиниката Јане Сандански донеле само 12 кутии ленти. Дистрибутерот си игра играчки со пациентите“, објави пациентка од Скопје во групата за поддршка на пациенти со Дијабет. Од Здруженијата на дијабетичари…

Read More

Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата обвинет за злоупотреба на службената положба и за перење пари во судскиот предмет „Софтвери“ денеска на рочиште во Кривичниот суд во Скопје се изјани дека не е виновен за делато за кои е обвинет, а обвинителниот акт го нарече оксиморон. На прашање на судот дали го разбира обвинението и дали се чувствува виновен Рашковски одговори: „Семантички ми е јасно обвинението, но како правен акт не. Апсолутно не се чувствувам виновен“, рече обвинетиот Рашковски, откако обвинителката Вилма Русковска го презентираше обвинението во кое се опфатени и уште шестмина обвинети. Обвинителката Русковска, пак, рече дека…

Read More

Во воздушен напад целосно уништена стенбена зграда во Харков. 27 припадници на Главната дирекција на Државната служба за итни случаи на Украина во Харковската област ги пребаруваат урнатините под станбена зграда во центарот на украинскиот град Харков кој утрово бил мета на напад на воздушен напад. Од Дирекцијата велат дека тимовите пребаруваат под урнатините во потреба по жртви и преживеани.

Read More