Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Просечната месечна пензија на крајот на минатата година изнесуваше 15.876 денари, а на крајот на 2022 година проекциите се дека ќе биде околу 17.300 денари. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски по денешната средба со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионерите Станка Трајкова. „Минатата недела преку отворен дијалог со пензионерите обезбедивме континуиран раст на пензиите, а со тоа и на нивниот животен стандард и квалитетот на живот. Го прифативме моделот на Сојузот на здруженија на пензионерите што го предложија како нова методологија за континуиран раст на пензиите. Она што го ветивме низ дијалогот со пензионерите го реализираме во најбрз…
За генералниот штрајк гласале над 90 проценти од просветните работници. Околу 40 илјади вработени во словенечките училишта, градинки и факултети в среда стапуваат во штрајк, откако владата не одговори на најавените кон средината на февруари барања за порамнување на платите, потврди денеска Бранимир Штрукељ, генералниот секретар на Синдикатот за образование, наука и култура на Словенија. Од над 700 образовани установи, каде вработените се изјасниле за штрајк, само во стотина од нив немало мнозинска одлука за таквиот чекор, а против штрајк биле само три. Синдикатот најавува дека штрајкот ќе трае се додека владата и вработените во овој сектор не постигнат договор…
Со купувањето од нерегистрираните интернет трговци граѓаните треба да се свесни дека немаат никаква гаранција и заштита, вели во интервју за НоваТВ, претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска. Според Ангеловска, токму со ваквото купување од нерегистрирани е-трговци, се поттикнува сивата економија која прави непроценлива штета на позитивниот развој на општеството и придонесува за понеквалитетен живот на сите граѓани. Таа апелира до сите потенцијални корисници на е-услугите, пред да нарачаат било каков производ, да ги посетат веб-пребарувачите „Провери продавница“, веб-платформа за рецензии „Натапет.мк“ и категоризиран регистар на сите регистрирани е-продавници „Проверипакупи.мк“. Во 2020 година биле отворени над 400 нови е-продавници…
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени биле 2.624 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на Ковид-19. Најмногу новодијагностицирани има во Скопје – 204, потоа Битола – 26, Велес – 22, Куманово и Прилеп – по 21, Кавадарци – 20, Тетово – 12, Кичево – 9, Ресен – 7, Охрид и Штип – по 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Виница – 4, Гостивар, Струмица, Кочани и Радовиш – по 3, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, , Струга, Пробиштип и Демир Хисар – по 1. Од вкупниот број на позитивни, регистрирана…
Прашањето за повторно воспоставување на авиолинијата Скопје – Барселона, било отворено на денешната средба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски со амбасадорот на Шпанија во државава Хозе Луиз Лозано Гарсија. Бочварски го запознал Гарсија со инфраструктурните проекти во земјава, со посебен фокус на патната и железничката инфраструктура и гасификацијата, и ги повикал шпанските компании да учествуават на јавните повици за проектите. „На средбата се отвори и прашањето за повторно воспоставување на авиолинијата Скопје – Барселона, која е ставена во мирување поради рестрикциите од ковид пандемијата“, наведоа од Министерството за транспорт и врски во соопштение по средбата. „Регионалното поврзување…
Путин го повика светот на нормализација на руските односи и рече дека санкциите се корисни за Русија
Претседателот Владимир Путин ја повика меѓународната заедница да ги нормализира односите со неговата земја, истовремено тврдејќи дека Русија може да има корист од санкциите. „Немаме лоши намери, нема потреба да ја ескалираме ситуацијата, да наметнуваме ограничувања, ги исполнуваме сите обврски“, рече Путин за време на церемонијата на подигнување на знамето на новиот руски траект, заедничко вложување меѓу Русија и Турција. „Ако некој не сака да соработува со нас во рамките на единствената соработка, со тоа си наштетува себеси, секако ќе ни наштети и нас“, додаде Путин. Путин рече дека руската економија ќе се прилагоди на сегашната ситуација. „Ќе треба само…
Националната опера и балет го откажа вечерашниов рецитал насловен како “Вечер на белканто и руски романси”, по бурните реакции во јавноста што еруптираа синоќа на социјалните мрежи. Директорот Васко Ристов во изјава за Нова ТВ рече дека тоа бил концерт на студенти и дека е откажан во договор со организаторот. „Ја почитуваме Резолуцијата што ја донесе Собранието на Република Северна Македонија и немам што повеќе да додадам”, рече тој појаснувајќи дека настанот е откажан и дека не е наведен друг датум за негово одржување. Закажаниот рецитал предизвика бројни реакции бидејќи се работеше за дела на руски автори во ситуација кога…
Координаторите на „“ на средба со Ескобар во Вашингтон. Делегацијата на Владата на Северна Македонија составена од националните координатори Марјан Забрчанец и Нола Исмајлоска Старова и советникот на премиерот за надворешна политика Едмонд Адеми имаа работна средба во Вашингтон со Габриел Ескобар, заменик помошник на државниот секретар и специјален претставник за Западен Балкан на САД, во рамки на студиската посета во САД на регионалната координативна група на иницијативата „Отворен Балкан”. На средбата, претставниците на „Отворен Балкан“ од Северна Македонија, Албанија и Србија со претставниците на Стејт департментот на САД разговарале за важноста на регионалното поврзување и на слободното движење на…
Раководството на нуклеарната централа Запорожје во Енерходар сега работи под нишан на оружје, соопшти компанијата што ја води станицата. Петро Котин, шефот на државниот производител на нуклеарна енергија Енергоатом, на Телеграм рече дека руските сили „влегле на територијата на нуклеарната централа, ја презеле контролата врз персоналот и управувањето со нуклеарната централа“. „Раководството на станицата работи под закана на напаѓачите“, рече тој. Котин рече дека на персоналот утрово му „било дозволено да ги извршува своите должности“. Тој рече дека компанијата нема „директна врска со станицата“ и дека добива информации од тамошни извори. Котин рече дека шесте реактори во централата имаат гориво…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека напорите на Кремљ да ја преземе огромната нуклеарна централа се „терор без преседан“ и повторно повика НАТО да спроведе зона на забранети летови над неговата земја велејќи дека „потребно е итно затворање на небото над Украина“. Руските сили сега ја „окупираа“ нуклеарната централа Запорожје во Украина. Претходно во објектот избувна пожар, соопштија украинските нуклеарни власти. Пожарот предизвика страв од несреќа. „Руските тенкови знаеја дека пукаат со директен оган кон станицата“, рече Зеленски. Зеленски повлече паралели со катастрофата во нуклеарната централа во Чернобил во 1986 година, најлошата нуклеарна несреќа во светот досега, но нема индикации…
Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение со кое се олабавуваат мерките за заштита од африканска чума кај свињите поради поволната епидемиолошка состојба. Според АХВ, се укинуваат заштитната зона (во радиус од три километри) и зоната под надзор (во радиус од десет километри) околу двете жаришта во Делчевско, каде, во координација и соработка со локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, ветеринарните друштва и одгледувачите на свињи успешно беа спроведени мерките за ерадикација (убивање и нештетно закопување на свињите во заштитната зона) и депопулација со економско искористување на месото во зоната под надзор и другите мерки за заштита, дефинирани во претходно…
Петар Исаковски со сопругата и тримесечното бебе живее во украинскиот град Запорожје, каде вчера, според јавувања на светските медиуми, била гранатирана најголемата нуклеарна централа во Европа. „Нуклеарната централа во Запорожје е безбедна и сите реактори во моментов работат вообичаено“, раскажува за НоваТВ, скопјанецот Петар Исаковски, кој со семејството живее во овој украински град. Тој вели оти ги читал написите кои се појавија во медиумите дека нуклеарната централа била гранатирана од руските трупи и била запалена, но вели оти не верува дека тоа е точно, бидејќи нивото на радијација во нивниот град е во рамки на нормалните вредности, односно четврто безбедно…