Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Францускиот претседател Емануел Макрон ја именуваше Елизабет Борне, досегашна министерка за труд и работни односи за премиерка на Франција. Борне која претходно го покриваше секторот за заштита на човековата околина ќе го замени досегашниот премиер Жан Кастекс кој поднесе оставка на функцијата. Со ова Борне која сега треба да формира нова влада, ќе биде втората жена на премиерската функција по подолго време во земјата. Претходно, како првата Французинка премиер била Едит Кресон, која таа функција ја имаше во време кога претседател беше Франсоа Митеран. Но, на позицијата остана само 11 месеци од мај 1991 до април 1992 година. Досегашниот премиер…
Обвинетиот Срето Пајиќ, роден 1991 година во Сараево, бил уапсен по прекршување на мерките забрана и повеќемесечно бегство, а по меѓународна потерница, на подрачјето на Куманово, соопштија босанските медиуми. Тој е еден од обвинетите во случајот со кодно име „Волан“, во кој се опфатени неколку лица обвинети за организиран криминал поврзан со кражба на голем број скапи автомобили во Босна и Херцеговина. -По екстрадицијата на обвинетиот, Судот на БиХ му одредил мерка притвор во траење до две години, што му овозможило понатамошно процесуирање на обвинетиот врз основа на обвинение во кое се товари за повеќе кривични дела, како што се…
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ќе престојува во посета на Република Северна Македонија. За време на посетата, Брнабиќ ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе присуствува и ќе се обрати на самитот што го организира „Македонија 2025“. Поради посетата на премиерката Брнабиќ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Скопје. Од Секторот за внатрешни работи Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициски службеници.
Светската здравствена организација се подготвува за потенцијално избивање колера во Мариупол, каде се оштетени голем број инфраструктурни објекти. Тоа го изјави синоќа менаџерката на СЗО за инциденти во Украина, Дорит Никан. – Многу цевки се оштетени, а добиваме информации од терен дека се измешани канализацијата и водата за пиење, појасни Никан. Како што таа истакна, СЗО ова го оценува како огромна закана од појава на многу инфекции, вклучително и колера. Беше нагласено оти се подготвуваат вакцини за колера, постои соработка со невладини организации и партнери, кои можат да дојдат во Мариупол да им дадат поддршка на луѓето. СЗО за Европа…
Најголеми шанси да биде нов премиер на Србија има актуелниот министер за финансии Синиша Мали, а во игра се уште три имиња од Српската напредна партија (СНС), пренесе Бета. Според денешното издание на „Вечерње новости“, повикувајќи се на свои информации, станува збор и за Ана Брнабиќ, Милош Вучевиќ и Горан Весиќ. Најмалку шанси да биде нов српски премиер има заменик-градоначалникот на Белград Весиќ, пишува Новости.
Говорејќи од Киев, шефот на украинската држава зборуваше десетина минути за време на свеченото отворање на Канскиот филмски фестивал. Тој ги повика актерите на 7-та уметност да не „молчат” пред руската инвазија, јави дописникот на МИА. Неколку минути претходно, Винсент Делерм со тенок глас пееше „Колку те сакам” и на екранот поминуваа најубавите бакнежи на седмата уметност. Организаторите на свеченото отворање на овој 75-ти Кански филмски фестивал, чиј домаќин е Вирџини Ефира, очиглдено ја совладале уметноста на транзицијата. Претседателот Володимир Зеленски, со затвореното лице кое сега го познава целиот свет, , се појави од Киев на екранот на Големиот театар…
Честите извештаи за поставени бомби претставуваат притисок од странство врз Србија бидејќи земјата не воведе санкции кон Русија по инвазијата на Украина, како што тоа го направија повеќето западни земји, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ. „Ние сме единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија и притисоците се неверојатни од ден на ден. Овие извештаи за бомбите се и притисоци од странство поради невоведувањето санкции кон Русија“, изјави Брнабиќ за белградските медиуми. За потсетување, околу стотина училишта во Белград вчера беа евакуирани по дојавите за бомби кои се покажаа како лажни. Дојава била испратена и до аеродромот во…
Владата во континуитет се грижи за најранливите категории граѓани и тоа се покажа со изградба на преку 850 станови за социјални семејства низ земјата, истакна за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, присуствуваше на прелиминарната распределба на 70 станови во станбената зграда наменета за социјално ранливи групи во општина Гостивар. На огласот објавен од Министерството за транспорт и врски, право на учество имаа деца без родители, корисници на минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост или семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница…
Домовите за стари лица во последните години стануваат дел од социјалната култура во општеството, и оттука се зголемува и интересот за нивно отворање. Единствениот синџир старечки домови во земјава Феникс располага со три објекти, додека во моментов ќе отвара таков дом и на четврта локација. Во нив има 24часовна медицинска нега, рехабилитација и услуга. Цените за престој се движат од 26.000 до 42.000 денари. „Имаме наши медицински сестри и доктори кои секојдневно вршат посети и постојано се следи состојбата на нашите корисници. Објекти имаме на три локации, Волково, Капиштец и Пржино а моментално отвораме дом и на четврта локација во…
Семејството на убиената Британка вчера ја поздрави 27-годишната затворска казна изречена на нејзиниот „омразен“ сопруг убиец. Таткото на госпоѓица Крауч, Дејвид, предвиде дека 34-годишниот грчки пилот ќе стане „скршен човек“ во озлогласениот тежок затвор. „Ниту една сума затворска казна никогаш не може да ја врати мојата прекрасна ќерка, но јас сум само среќен што судот не поверува во невнимателните глупости што тој ги кажа за време на неговото сведочење“, рече г-дин Крауч (79). „Понатаму, среќен сум што знам дека тој ќе го одлежи своето време во затворот Коридалос, најтешкиот затвор во Грција, кој има еден од најлошите затворски системи во…
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 202 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 09.05. до 15.05.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 128 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 74 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани. ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите…
Синдикатот на образованието, науката и културата (СОНК) треба да седне на нова рунда преговори. Како што најавија минатата недела од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), за денеска (17 мај) е договорена нова средба на претставниците на Министерството и на Синдикатот. На минатиот состанок, како што соопштија од МТСП, се разговарало за барањата кои беа дел од одлуката за штрајк на вработените во градинките, како и за исплатата на платите за периодот кога се штрајкуваше. За денеска, според најавите, ќе се продолжи со дијалогот за да се најде решение кое ќе биде во рамки на законските прописи. Една од…