Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција по 30 години добива жена премиер

0
By Biljana on May 18, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 18, 2022 09:02

Францускиот претседател Емануел Макрон ја именуваше Елизабет Борне, досегашна министерка за труд и работни односи за премиерка на Франција. Борне која претходно го покриваше секторот за заштита на човековата околина ќе го замени досегашниот премиер Жан Кастекс кој поднесе оставка на функцијата.

Со ова Борне која сега треба да формира нова влада, ќе биде втората жена на премиерската функција по подолго време во земјата. Претходно, како првата Французинка премиер била Едит Кресон, која таа функција ја имаше во време кога претседател беше Франсоа Митеран. Но, на позицијата остана само 11 месеци од мај 1991 до април 1992 година.

Досегашниот премиер Кастекс, кој важеше за близок на десниот центар во домашната политика, уште пред претседателските избори во април објави дека ќе се повлече од функцијата ако Макрон освои уште еден претседателски мандат. Според неговото објаснување, оставката ја има поднесено за да на центристичката партија на Макрон и даде „нов елан“ пред парламентарните избори во јуни.

Според француските медиуми, Макрон сака на премиерската функција која во основа е техничка, по својата природа во тамошната политика да има способен политичар „силен за општествените теми и прашања, за човековата околина и за производството” а притоа тоа да биде жена.

Таа има 61 година, а ТВ станицата „Франс 24“ ја опишува како „умерен бирократ“, гледано низ нејзината кариера во изминатите пет години како министерка за сообраќај, за човекова околина и досега за труд. Но, има извршувано и бројни разни функции во француската Социјалистичка партија, која ја подржува владата на Макрон.

Аналитичарите во Париз оценуваат дека таа како министерка за труд ја има намалено невработеноста во Франција на најниско ниво во последните 15 години, а најболната точка невработеноста на младите за дури 40 отсто.

Елизабет Борне премиер Свет Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.