Author: Biljana

Утрово околу 08:10 часот во Харков беше извршен ракетен напад врз Националниот полициски оддел во Харковската област и зградата на Националниот универзитет во Харков. Како што јави украинското Министерство за внатрешни работи при нападот се повредени три лица. https://youtu.be/qFLbkR-SdI0 https://youtu.be/B6aG3Q45c9w?t=3

Read More

Mузеј на восочни фигури „Гревин“ во Париз вчера ја отстранил восочната фигура на рускиот претседател Владимир Путин, објави Ројтерс. Фигурата, која била поставена во 2000 година, била отстранета во знак на протест против неговата инвазија на Украина, но и делумно поради тоа што била оштетена од страна на посетителите за време на викендот. Од музејот информирале дека восочната фигура на Путин била преместена во складиште и дека музејот размислува да ја замени со модел на украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Денес веќе не е можно да се претстави лик како него. За прв пат во историјата на музејот повлекуваме статуа поради…

Read More

Нема покачување на цената на лебот, тврди министерот за економија, Крешник Бектеши. Бектеши информираше дека од денеска почнува да се применува мерката за ограничени маржи кво трговијата на големо и мало, почнувајќи од производството па се до крајниот потрошувач. „Од утрово постојано сме на терен. Констатиравме дека во најголем дел од маркетите цената на белиот леб и натаму се движи помеѓу 25 и 27 денари и не е забележано покачување на лебот“, вели Бектеши. Изјавата доаѓа по најавите на дел од производителите дека цената на лебот од денеска ќе се покачи за пет денари. Министерот вели дека инспекциски служби на…

Read More

Семејство македонски државјани, за кои утрово министерот за надворешни работи Бујар Османи објави дека се наоѓаат во најпогодениот украински град Харков, се на пат кон дома. Информацијата преку Фејсбук ја сподели шефот на дипломатијата. „Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100 киломатри од градот и е на пат да ја напушти Украина. Тие се на безбедно и се во добра состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа,…

Read More

Новинарката од Киев, Тетјана Матјчек за НоваТв раскажува за ужасот во Украина.  „Рускиот претседател Владимир Путин се плаши дека ЕУ и Нато преку Украина ќе се доближат со Русија и тоа е едниствената вистина за руско-украинскиот конфликт“, вели во интервју за НоваТВ, Тетјана Матјчек, новинарка од Украина. Украинците се свесни дека зад агресијата врз Украина стои стравот на Путин од демократска и слободна соседна Украина. „Ако ме прашувате дали позади овој конфликт стои наводна агресија врз жители во областите Донецк и Луганск од страна на украински воени структури, тоа е само пропаганда. Единствената вистина е дека рускиот претседател Владимир Путин…

Read More

Младиот актер Петар Маниќ ја освои наградата за најдобар млад актер на филмски фестивал во Севиља, Шпанија. Наградата се доделува за неговиот уникатен актерски пристап за улогата на Никола, во првиот македонски филм за деца „Стела”, во режија на Стојан Вујичиќ, продуциран од „Дрим Фектори“. Како што соопштија од „Дрим Фектори“, оваа награда е петта награда по ред која што ја освојува филмот „Стела“, со што се потврдува уште еднаш квалитетот на филмот, а воедно и успехот на Македонската кинематографија во целост. Во реализацијата на овој прв и единствен македонски долгометражен филм за деца е вклучена и меѓународна екипа. Во…

Read More

Северна Македонија се придружи на санкциите што беа воведени од страна на ЕУ. „Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има. Северна Македонија е членка на НАТО и ние како земја членка ќе ги почитуваме и спроведуваме сите одлуки кои се носат во рамки на Алијансата, затоа што сме составен дел и од процесот на носењето на тие одлуки“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска. Во однос воената помош за Укрина, министерката Петровска појасни дека се работи за воена опрема и вооружување согласно побарувањата на украинските власти. „Нивното барање кон нас беше класифицирано и од тие…

Read More

Веќе една деценија трае вербалнот судир меѓу либералниот концепт и авторитарните тенденции. 10 години официјална Москва ги храни малигните ткива внатре во либералната сфера кои во голема мера беа толерирани во духот на либералните традиции. По неуспехот на Путин и неговите клонови низ Европа да предизвика конфликт на европски терен или да ја спречи интеграцијата на Црна Гора и Македонија во НАТО или било што друго што може на било кој начин да и наштети на евроатлантската полтичка и безбедносна архитектура, тој удри со брутална сила на Украина. Оваа војна на Путин е израз на неговата нервоза поради неуспехот да…

Read More

Стапи во сила одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало, што минатиот вторник ја донесе Владата. Истовремено, престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Новата одлука, во која на листата на основни прехранбени производи се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта, ќе важи до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на…

Read More

Лекарите од Комисијата за заразни болести наместо денеска ќе се состанат утре за да ја разгледаат епидемиолошката состојба во Северна Македонија. НоваТВ од извори во Комисијата дознава дека наместо во вторник во 10 часот како што беше до сега, членовите на Комисијата почнувајќи од утре состаноци ќе имаат секоја среда на пладне. Минатата недела, на состанокот на Комисијата за заразни болести беше донесена одлука до Владата да се препорача укинување на мерките за излез од државата, односно неопходниот негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација или прележан вирус. Истовремено беше договорено да се препорача укинување на мерката бремените жени да…

Read More

50 македонски државјани од кои 20-тина во Киев чекаат да ја напуштат Украина, рече на денешниот брифинг министерот за внатрешни работи Бујар Османи. Османи вели дека меѓу државјаните на Северна Македонија кои чекаат да бидат извлечени од земјата се и едно семејство со бебе старо пет дена. Тие се наоѓале во украинскиот град Харков каде деновиве се водат и најжестоките борби помеѓу руската и украинската војска. Министерот Османи се надева дека ова семејство ќе биде евакуирано од Харков во текот на денешниот ден. „Има проблем и со транспортери кои се на границата во Украина, не ги пуштаат зошто носат руска…

Read More

183 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, информира Министерството за здравство. Од нив 24 биле реинфекции. Најголем број новодијагностицирани има во Скопје – 135, Кавадарци и Струмица – по 7, Куманово – 6, Гевгелија – 5, Прилеп, Штип и Струга – по 4, Гостивар – 3, Охрид и Богданци – по 2, Битола, Кочани, Неготино и Крива Паланка – по 1. Во последното деноноќие регистрирани биле 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (60г, 69г и 89г) и по едно починато лице од Куманово (65г), Кочани (45г) и Тетово (78г). Од пријавените лица сите се…

Read More