Mузеј на восочни фигури „Гревин“ во Париз вчера ја отстранил восочната фигура на рускиот претседател Владимир Путин, објави Ројтерс.

Фигурата, која била поставена во 2000 година, била отстранета во знак на протест против неговата инвазија на Украина, но и делумно поради тоа што била оштетена од страна на посетителите за време на викендот. Од музејот информирале дека восочната фигура на Путин била преместена во складиште и дека музејот размислува да ја замени со модел на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Денес веќе не е можно да се претстави лик како него. За прв пат во историјата на музејот повлекуваме статуа поради историските настани кои моментално се одвиваат“, посочил директорот на Музејот, Ив Деломо во изјава за француското радио „France Bleu“.

Делото, додал, дека со оглед на случувањата, персоналот на Музејот не бил во можност секојдневно да ја поправа косата на восочната фигура на Путин која посетителите во знак на револт ја кубеле.

Извор: Musée Grévin/Twitter