Author: Biljana

Новоименуваниот портпарол на Комисијата за заразни болести, доктор Злате Мехмедовиќ, во изјава за НоваТВ понуди објаснување на изјавата дадена во утринското гостување во „Утрински брифинг“ дека имало „манипулација со бројките на починати од Ковид 19“. Доктор Мехмедовиќ за НоваТВ вели дека зборот манипулација бил погрешно протолкуван, бидејќи не се работело за прикривање на бројки, туку за можна „погрешно водена статистика во однос на починатите лица со Ковид-19“. „Уште од самиот почеток на пандемијата имаше дилеми во јавноста дали сите лице кои се внесени во билтенот за починати од Ковид-19, починале како последица од вирусот или починале поради друга болест или…

Read More

Германија и Шпанија со нови протоколи за влез во земјата, информира МНР.  Согласно препораките од Европската комисија, за влез во Германија, за граѓаните на Северна Македонија ќе се применуваат следните препораки. Важноста на сертификат за вакцина со две дози од призната вакцина од ЕМА/Германија ќе биде 9 месеци/270 дена, наместо досегашните 12 месеци, и соодветно патниците при влез ќе треба да имаат ја имаат предвид важноста на нивниот сертификат со цел да не им биде одбиен влез. Сертификат за вакцинација со 3 дози призната вакцина од Германија засега ќе имаат неограничена важност. Во Шпанија, според новите правила, се прифаќаат потврдите…

Read More

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска, во рамки на престојот во Крушево, ја посети Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење. Според министерката, споменот за Тоше говори за трагите на нашето постоење. „Ако трагите што ги оставаме зад себе говорат за нашето постоење, тогаш споменот на Тоше, на неговиот глас и дело засокогаш ќе продолжат да живеат меѓу нас“, рече министерката. Таа била информирана за активностите на оваа национална установа во која се изложени над 350 експонати кои ја раскажуваат приказната за детството, подемот и врвот на кариерата на македонската музичка икона Тоше Проески. „Костадиновска-Стојчевска се запозна и со настаните со…

Read More

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин на средбата истакнала дека ДОМ го поддржува Законот за минимална плата на ССМ.  Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и пратеничката и претседателка на ДОМ, Маја Морачанин денеска имаа средба на која дискутираа за барањето на ССМ пратениците да го поддржат и предложат законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата со кој таа би се се зголемила на 18.000 денари и спирално ќе се зголемат останатите плати. Од страна на пратеничката Морачанин било истакнато дека предлогот на ССМ ќе биде поддржан и предложен во Собранието. Претседателот на ССМ, Димовски истакна дека ССМ ја…

Read More

„Добрата соработка со верските заедници ќе продолжи, со почит кон сите“, рече претседателот на Владата, Димитар Ковачевски по средбата со претставници на верските зедници. Ковачевски додаде дека нема нерешливи прашања кога се работи според принципот на почитување и дијалог и дека тој како премиер и оваа, политички стабилна Влада, се определени да ги продолжат и унапредат ефикасните политики, што даваат резултати во полза на сите граѓани. Заеднички било констатирано дека успешната изградба едно општество за сите, во последниве години, е придобивка за сите граѓани, а во таа насока е истакната и добрата соработката меѓу верските лидери, како придонес во воспоставувањето…

Read More

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, е во дводневна посета на Северна Македонија. „Западниот Балкан е од клучно значење во визијата на ОК за градење на европската безбедносна и економска мрежа, затоа продолжуваме да работиме со нашите партнери во Северна Македонија за зајакнување на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето на криминалот и корупцијата“, рече преку видео порака, новоназначениот специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, кој пристигна во дводневна посета на Северна Македонија. За време на посетата на Северна Македонија, Сер Стјуарт се сретна со претседателот Стево Пендаровски, премиерот…

Read More

Привлекување на инвестиции, поддршка на старт-апи и на компании од Северна Македонија и Бугарија, како и соработка на полето на иновациите, биле темите на разговор она денешниот прв состанок на македонско-бугарската работна група за економија, трговија и иновации што се одржа во Скопје. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, како домаќин на работните групи во Скопје приоритетите на двете земји во однос на иновациите, економскиот развој и поддршка за бизнисот се еднакви и оти следен чекор е да се слушнат и мислењата на стопанствениците што според него ќе даде додадена вредност на одлуките што ги носи работната група. „Како конкретни проекти…

Read More

Исклучително студеното време што ја зафати земјава минатата недела со температури и до -20 степени, не предизвика никакви штети кај земјоделските култури, велат агрометеоролозите. Според нив, стабилизирањето на времето деновиве, со повеќе сонце, повремена облачност и врнежи од дожд или снег како денеска, е мало релаксирање од температурниот шок во изминатиот период. Дури, ако почвените услови дозволуваат, може да се почне и со кроењето на виновата лоза. „Ниските температури минатата недела беа во границите на издржливост на културите и се вообичаени за овој период од годината. Во реоните каде што температурите беа најниски, имаше и снежна покривка која дополнително штити…

Read More

Ракот на грлото на матката може да се превенира доколку навреме се открие. „Еден преглед спасува живот, прегледај се – заштити се!“ е мотото под кое се спроведува кампањата за превенција и рано откривање рак на грлото на матката, информираат од Министерството за здравство. Освен во јануари, месец кој традиционално е посветен за подигнување на свесноста за борба со цервикалниот карционом, Министерството за здравство, како што се посочува, преку низа активности цела оваа година ја посветува на унапредување на женското здравје, а во завршна фаза е и изработката на посебен модул за пријавување пациентки за зголемување на опфатот на жени…

Read More

По едномесечниот, продолжен зимски распуст, околу 255.000 ученици денеска се вратија во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Добро здравје и успешен почеток на второто полугодие од учебната година на учениците и наставниците им посака министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој претпладнево го посети основното училиште „Битолски конгрес“ во скопската општина Чаир. Истакна дека директорите на сите основни и средни училишта со кои комуницирал во изминатите десет дена го известиле дека се подготвени за настава со физичко присуство и апелираше доследно да се почитуваат антиковид-протоколите за да се заштити здравјето и училиштата да останат отворени…

Read More

Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, вели оти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, освен нивелирани шахти и мобилни тоалети нема реализирано ниту еден конкретен, крупен проект. „Мостот во Аеродром досега требаше да биде завршен. Обновата на Универзалната сала. Бесплатниот превоз за скопјани. Треба да бидат завршени реконструкциите на 10 тина улици. Поминаа 82 дена од мандатот а наместо решенија и проекти, граѓаните на Скопје од Арсовска видоа само партизација на градската администрација и изземање од одговорност за своите надлежности“, рече Каевски. Тој вели дека во својот отчет градоначалничката Арсовска заборавила да спомене неколку работи кои го одбележаа нејзиниот досегашен мандат,…

Read More

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска пред новинарите даде отчет за сработеното во првите 82 дена од нејзиниот мандат. Таа истакна дека по две години повторно е во функција жичницата до врв на Водно. „Во изминатиот период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од Државен инспектор за жичници, како и редовен технички преглед, се со цел жичницата да биде безбедно превозно средство за скопјани. Во насока на олеснување на сообраќајот во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно и тоа 25, 25А и 25Б. Од моментот на почнување со работа на жичницата за…

Read More