Author: Biljana

По појавата на африканска свинска чума во делчевското село Драмче, во радиус од три километри до денеска уништени се вкупно 195 домашни свињи. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски на денешната прес-конференција рече дека лешовите од овие животни биле депонирани во сточна јама во Делчево каде се преземени сите мерки да не дојде до ширење на вирусот. Според Бабовски во ризичното подрачје повеќе нема ниту една жива свиња. Во наредните денови, Бабовски соопшти дека ќе продолжи депопулацијата во радиус од десет километри во одгледувалиштата каде не можат да се спроведат био-сигурносни мерки или во одгледувалиштата во кои…

Read More

Зајакнување на европската сила и моќ, заштита од безбедносните, но и секаков друг вид предизвци со кои се соочува ЕУ, заштита на здравјето на граѓаните, економската обнова, но и активности за зајакнување на чувството на припадност се дел од приоритетите за време на француското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2022 година. Во тој контекст, како што најави амбасадорот на Француската Република во Северна Македонија Сирил Бомгартнер, во следните шест месеци ќе бидат и активностите што во рамки на француското претседателство ќе се преземаат и во земјава. Ќе зборуваме за Европа, вели тој, но, не само од…

Read More

По барање на Државниот инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и врски донесе решение за одземање на лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје.  Со тоа привремено му се забранува вршење на дејност на превозникот, со што му се одземаат лиценците за внатрешен и за меѓународен превоз на патници, како и изводите од лиценци. Превозникот, како што информираат од Министерството, е должен лиценците и изводите од лиценците да ги достави до Министерството за транспорт и врски. Од Министерството појаснуваат дека превозникот „Бога Транс“ поседувал лиценца за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници, како и…

Read More

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски го потпиша договорот за проектот „Крушево и Елбасан – препознатлива прекугранична туристичка дестинација“ вреден 744 илјади евра. Проектот опфаќа изградба на паркинг во параглајдинг центарот во Крушево, поставување на 2 мерни станици на полетувалиштето за параглајдинг, ЛЕД осветлување на објектите од култура и изградба на патека за „даунхил“, планински велосипедизам. Од страна на општина Крушево ќе се имплементираат и различни видови на обуки и настани за градење на капацитетите на угостителскиот сектор. „Денес го потпишав договорот со кој официјално започнуваме со имплементација на уште еден проект од областа на туризмот. По имплементацијата на проектот…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе ја прифати средбата со мандатарот Димитар Ковечевски само доколку темата за предвремени парламентарни избори биде ставена на маса, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат дека официјална покана за средба се уште не е пристигната. „Доколку има таква покана, средбата би била прифатена под услов да се разговара за следниот дневен ред: предвремени парламентарни избори како единствено оддржливо и кон граѓаните одговорно решение, содржината на одговорите на прашалникот 5 плус 1 кон Бугарија и позициите на Македонија и точка разно во која би спаѓало и разговор на темата сузбивање на криминалот и корупцијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.…

Read More

Франција без конкретни рокови за проширувањето на ЕУ.  „Нема конкретен рок во однос на проширувањето на ЕУ и членството на Република Северна Македонија“, рече во своето излагање на седницата на Советот за евроинтеграции, амбасадорот на Франција во нашата земја, Сирил Бомгартнер. Зборувајќи за приоритетите на француското претседателство со ЕУ, пред пратениците во Законодавниот дом, Бомгартнер рече дека Франција ќе има конструктивен пристап во овој поглед. „За оваа тема нема конкретен рок, бидејќи овој рок зависи од меѓувладината конференција која ќе го означи почетокот на преговорите и во овој момент е невозможно да се утврди точен датум. Земјата постојано ќе се…

Read More

Новиот мандатар Димитар Ковачевски, во интервју на Телма откри дека добил ветување од министерот за здравство во оставка Венко Филипче дека и по неговото заминување од функцијата ќе остане на располагање на Министерството за здравство. Прашан зошто во време на пандемија овој најзначаен ресор во земјава станува цел на политички пазар, Ковачевски одговори оти министерот Филипче одиграл голема улога време на криза, а фукнцијата ја работел трезвено, концентрирано и смирено. „Тој е сoвесен човек и со своето искуство, меѓутоа и за тоа дека секој доктор треба да помогне. Тој му е на располагање на новиот министер за здравство. Секој совет…

Read More

Ковачевски се заблагодарил на поддршката што Италија како партнер и сојузник ја дава кон Северна Македонија. „Новата Влада предводена од СДСМ ќе се посвети на справување со последиците од енергетската криза, зајакнување на економскиот стандард и неселективна борба против корупција“, истакнал претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски на денешната средба со амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри. „Ова се важни прашања за нашите граѓани, но и за нашиот интегративен процес кон ЕУ, затоа што преку структурните реформи, европските вредности ги носиме дома. Италија е силен поддржувач на Северна Македонија во процесот…

Read More

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски помогна на социјално семејство, самохран татко на две деца да добие вработување и редовни месечни примања. „Денис е татко на две малолетни деца и живее во Општина Центар. Денис досега немаше редовни примања, а со неговото семејство се корисници на редовната помош, која Општина Центар ја доделува на семејства со висок социјален ризик секој месец, во соработка со невладината Банка за Храна. Од утре, Денис ќе биде ангажиран во општинските служби за одржување на хигиената, со што нему и на неговото семејство им се овозможува пристоен живот и подобрување на условите во кои моментално…

Read More

1822 нови случаи на Ковид-19 и уште седум починати пациенти бележи дневниот билтен на Министерството за здравство. Оттаму информираат дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, биле направени 7.123 тестирања, а регистрирани се 1.822 нови случаи на КОВИД-19. И тоа во Скопје – 918, Битола – 198, Прилеп – 98, Куманово – 65, Кавадарци – 55, Охрид – 49, Штип – 42, Гевгелија и Радовиш – по 33, Струмица – 30, Велес – 28, Тетово, Кичево и Крушево – по 26, Неготино и Валандово – по 21, Гостивар и Кочани – по 18, Свети…

Read More

Бурни реакции кај највисокиот државен врв по прес конференцијата на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. За дел од владините министри, вакците ставови на Димитров се одраз на неговото незадоволство и разочараност оти не се најде во новиот владин состав. Не се согласуваат со неговите наводи и демантираат оти националните интереси биле загрозени во преговорите со Бугарија. Опозицијата го обвини дека глумел жртва. „Македонскиот идентитет и македонскиот јазик воопшто не се тема на разговор помеѓу Скопје и Софија, тврди премиерот во оставка, Зоран Заев во реакција по прес конференцијата на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Заев вели дека Северна…

Read More

Се уште нема одлука на кој начин ќе стартува второто полугодие за учениците, рече на денешното поставување на камен темелник на ново основно училиште во Општина Бутел, министерката за образование Мила Царовска. „Во однос на второто полугодие се уште сме во координација со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Тие ја проценуваат состојбата и секако дека другите сценарија стојат на располагање, но сепак сметаме дека последно треба да се затворат училиштата и први да се отворат и тоа се препораки не само на нашите здравствени служби, туку исто така и на меѓународни како што се Светска банка и…

Read More